Карантин за милиони Австралијци | Свет | DW | 07.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Карантин за милиони Австралијци

Во австралиската метропола Мелбурн е воведен карантин. Властите се одлучија на овој потег за да спречат ширење на коронавирусот и негов втор бран. Карантинот во градот ќе трае 6 недели.

Во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, јавниот живот е во голема мерка парализиран поради повторното ширење на коронавирусот. Од среда па во наредните шест недели, на приближно 4,9 милиони жители на градот во сојузната држава Викторија ќе им е дозволено да ги напуштат своите домови  само ако тоа е апсолутно неопходно.  

191 нов случај за едно деноноќие

Премиерот на сојузната држава Викторија, Денијел Ендрјуз, изјави дека од среда вечер луѓето ќе мораат да останат во своите домови, освен кога ќе требаат да одат на работа, да извршат нужни обврски, медицински третмани или децата да одат на училиште.

Во домовите не смеат да се примаат гости, а училиштата во погодените подрачја ќе бидат затворени втора недела по ред, како што е предвидено по училишниот календар.

Australien Corona-Pandemie | Daniel Andrews (Getty Images/D. Traynor)

Денијел Ендрјуз, премиер на австралиската сојузна држава Викторија

Повеќе:

-Мерки без преседан во Австралија поради Ковид-19

Станува збор за сојузна држава која регистираше 191 новозаболени од Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата.

„Ова се неодржливо голем број нови случаи. На ова ниво е невозможно да се сузбие вирусот без значителни мерки“, изјави Дeнијел Ендрјуз.

„Местата кои постапно се отвораа ќе мораат да се вратат на едностран систем за испорака. Другите деловни субјекти кои се отворија ќе мора да се затворат. За нас ќе биде голема работа да продолжиме да дадеме поддршка“, додаде Ендрјуз.

Предградие на Мелбурн е веќе во карантин

Минатата недела е воведен карантин за над 300.000 жители во северните предградија на Мелбурн, откако два дена по ред е регистрирано двоцифрено зголемување на дневните инфекции во втората најбројна австралиска сојузна држава. Овој карантин треба да трае еден месец. Премиерот на Викторија минатата недела предупреди дека е можно воведување на опсежни рестрикции ширум градот.

„Ако сите се придржуваме, наредните 4 недели ќе можеме да стекнеме контрола над трансмисијата во оваа заедница“, порача премиерот Ендрјуз.

„Ако да не ги затворев овие населби, ќе мораше да ги затворам сите населби. Тоа сакаме да го избегнеме“, додаде тој.

Гувернерот очекува уште полоша состојба

Гувернерот изјави дека состојбата во сојузната држава Викторија сигурно ќе се влоши пред да тргне кон подобро, а жителите кои нема да ги почитуваат крантинските мерки ќе се соочат со казни.

Останатите австралиски сојузни држави и територии продолжуваат да бележат мал број на нови инфекции, а забранија влез на своите територии за жителите на Викторија. Во Австралија од почетокот на епидемијата се регистрирани околу 8.500 заразени со Ковид-19, а починаа 106 лица.

 

 

Реклама