Капитенот Швајнштајгер се повлече од репрезентацијата | Панорама | DW | 29.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Капитенот Швајнштајгер се повлече од репрезентацијата

Бастијан Швајнштајгер најави крај на репрезентативната фудбалска кариера. 31-годишниот капитен на репрезентацијата го најави своето повлекување преку Твитер.

Гледај видео 01:02
Now live
01:02 минути

Капитенот Швајнштајгер се повлече од репрезентацијата

По 120 настапи во последните 12 години, Бастијан Швајнштајгер се повлекува од националниот тим.

„Побарав од селекторот да не ме номинира веќе за националниот тим затоа што сакам да се повлечам“, соопшти Швајнштајгер преку својот Твитер-профил.

„Постигнавме нешто историско и емоционално со победата на Светското првенство во 2014, нешто што веќе нема да се повтори во мојата кариера. Затоа сметам дека е исправно да ставам крај и да му посакам на тимот сѐ најдобро во квалификациите за СП во 2018“.

Популарниот Швајни вели дека е разочаран од неуспехот на репрезентацијата да го освои Европското првенство во Франција летово. Швајнштајгер одигра незаборавна партија во финалето на СП во Бразил против Аргентина, но неговата неуморност полека си ја зема цената. Веќе со години тој страда од постојани проблеми со колената, поради што и во клубот каде настапува - Манчестер Јунајтед, почесто е на клупата отколку на теренот.

Швајнштајгер оствари рекордни 38 настапи на Европските и Светските првенства во дресот на германската репрезентација, а дебитираше на 6 јуни 2005 во Кајзерслаутерн во поразот од 2:0 од Унгарија.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама