Канцеларот Курц во теснец | Свет | DW | 27.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Канцеларот Курц во теснец

Најнапред една мала партија побара гласање за доверба на владата. На тоа се приклучија и австриските социјалдемократи, а сега и Слободарската партија. Сите сакаат преку гласањето да го симнат од функцијата канцеларот.

Австриската екстремно десничарска Слободарска партија (ФПО) ќе се придружи на гласовите на левицата и во парламентот денеска ќе гласа за недоверба на владата на кацеларот Себастијан Курц, изјави лидерот на ФПО Норберт Хофер.

„ФПО ќе гласа за недоверба на владата“, изјави Хофер по состанокот на партијата во Виена. Социјалдемократската партија соопшти синоќа дека ќе гласа против владата.

Österreich Wien Norbert Hofer FPÖ (AFP/A. Halada)

Норберт Хофер

Повеќе:

-Себастијан Курц и трите мајмуни

-Љубовта на австриските десничари кон Кремљ

-Австрија - видео со драматични последици

Овие две партии така ќе остварат мнозинство во парламентот што ќе доведе до промена на владата, за првпат во австриската политичка историја.

Владејачката коалиција на Австрија се распадна пред една недела по објавувањето на компромитирачката видео снимка за ФПО. Се претпоставува дека во септември ќе се одржат предвремени парламентарни избори.

 

DW.COM

Реклама