Камчеви ќе сведочат за „Рекет“: ќе има ли нови изненадувања? | Северна Македонија | DW | 06.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Камчеви ќе сведочат за „Рекет“: ќе има ли нови изненадувања?

Се шпекулира дека Камчеви поседуваат над 10 часови видео и аудио снимки кои откриваат кој кому пристапил во реализација на кривичното дело, и колку лица биле вклучени

Сѐ е горе-долу познато или ќе има нови изненадувања? Ова се прашањата што му претходат на денешното судско рочиште, на кое бизнисменот Јордан Камчев и неговата сопруга Ана треба да сведочат на во судскиот процес за „Рекет“ кој започна пред три дена. Предметот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а на обвинителната клупа сега остануваат првообвинетиот Бојан Јовановски (Боки 13) и второобвинетата поранешна специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. И двајцата на првото рочиште рекоа дека не чувствуваат вина, за разлика од третообвинетиот Зоран Милески (Кичеец) кој го призна делото „Примање награда за противзаконито влијание“ и доби три години казна затвор. Тој има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната. Во натамошниот тек на процесот, на предлог на Обвинителството или одбраната, Милески може да се појави во истиот случај во својство на сведок.

Кој на кого му пристапил?

Јанева и Јовановски денеска ќе го слушаат сведочењето на брачната двојка Камчеви, за кои се шпекулира дека поседуваат над 10 часови видео и аудио снимки кои може да откријат кој кому прв пристапил во реализација на кривичното дело - Камчеви на сега обвинетите, или обратно. На минатото рочиште дел од одговорот можеше да се насети од воведниот збор на обвинителката Вилма Рускоска.

Nord-Mazedonien | Unternehmer Orce Kamcev (DW/P. Stojanovski)

Орце Камчев

„Ќе слушнете дека молеле Орце и Ана Камчеви да се спаси тој како осомничен. Не е така, ќе видите од сведочењата, кои мене не ме оставија рамнодушна. Ќе чуете дека Зоран Милевски сакал да му помогне на Камчев оти го сакал како брат. А не заборавил да ја земе торбата од еден милион евра. Многу е, и за брат да е. Тука не е оштетен сведокот. Тука најмногу сме оштетени ние, граѓаните“, рече Рускоска во воведниот збор.

Повеќе:

-Чарлиевите ангели поважни од НАТО

-„Рекет“: Судскиот процес на годината

-Се стега обрачот околу СЈО и „Рекет“

Според обвинението, откако во предметот  „Империја“ Катица Јанева донела наредба за истражна постапка против Јордан Камчев и други лица, таа поднела предлог нему да му се определи мерка притвор. Неколку дена по неговото притворање, Зоран Милески, во договор со Бојан Јовановски, (користејќи ги околностите дека Милески билвработен во „Орка холдинг“) договорил средба со сопругата на Јордан, Ана Камчева. На средбата, Јовановски од неговата канцеларија во „1ТВ“ телефонски преку спикерфон контактирал со Јанева за да ја увери Камчева во нивната блискост. Откако таа цел била постигната, Јовановски и Милески од неа побарале 500.000 евра за мерката притвор на нејзиниот сопруг да биде заменета со куќен притвор. Откако Камчева обезбедила 500.000 евра, Јанева искористувајќи ја својата службена положба и овластување до Апелацискиот суд доставила предлог мерката притвор против Јордан Камчев да се укине и да му се одреди поблага мерка - куќен притвор.

Сѐ ќе биде ОК

Контактите со Камчев ги интензивирале откако тој бил пуштен куќен притвор. Според обвинението, тие барале сума од 8 милиони евра ако СЈО со одлука на Врховниот суд остане овластен тужител против Камчев во предметот „Империја“. Доколку не - барале 5 милиони евра за во истражната постапка Јанева на Камчев да му даде својство на заштитен сведок, со наредба да ја запре истражната постапка или да склучи со него спогодба за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета.

Италијанскиот весник „Ла верита“ во август годинава објави видео материјал снимен во домот на Камчев, на кој се гледа како Јовановски и Милески заминуваат со еден милион евра спакувани во чанта „Луј Витон“. На некои од другите снимки се слуша и гласот на Јанева вклучена на спикерфон, како му вели на Камчев „се ќе биде океј".

Како што најави Рускоска, Обвинителството има цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла изнесувала доверливи податоци од предистражни постапки, овозможувајќи му на Јовановски да бара пари за осомничени во тие постапки да завршат со спогодба или како сведоци. Јанева на првото рочиште рече дека не се чувствува виновна, дека е горда на СЈО и на тимот што го водела четири години, и дека се надева оти судот не се плаши од зборовите на Русковска „за тресење од гаќи". Јовановски изјави дека „преку тој предмет се водат валкани политички игри кои паѓаат врз неговите плеќи“ и го обвини Обвинителството дека му го сатанизирало името, го довело до линч и поради тоа набргу згаснал неговиот медиум „1ТВ“. Но, најави и дека снимките од камерата во домот на неговите родители ќе откријат каде завршила торбата со пари.

Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години, а Јовановски за „Примање награда за противзаконито влијание“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело" за кои казната е една до 10 години затвор.

 

Реклама