Камион влета во пешачка зона во Стокхолм | Свет | DW | 07.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Камион влета во пешачка зона во Стокхолм

Првичните неофицијални информации од шведскиот главен град зборуваат за три жртви во инцидентот, чија заднина и мотив не се познати.

15:50- Шведската полиција издаде предупредување да се избегнува центарот на градот. 

15:46- Шведската полиција ја потврди смртта на две лица. Јавува за „голем број повредени“. 

Шведските медиуми јавуваат дека камион се забил во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Првичните информации на шведското радио говорат за три жртви и повеќе повредени. Шведските медиуми тврдат дека се слушнале и истрели од огнено оружје.

Полицијата потврди дека имаат извештаи за повредени лица во централен Стокхолм. Полицискиот портпарол не можеше да потврди дали има жртви во инцидентот.
Полицијата се сомнева дека се работи за терористички напад, но нема официјална потврда.

 

Реклама