Калифорнија се бори против пожарите | Панорама | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Калифорнија се бори против пожарите

Калифорнија не успева да ги стави пожарите под контрола. Огнот сега им се заканува на повеќе градови, меѓу кои и Санта Барбара. Илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Без оглед на стивнувањето на ветровите, пожарникарите не успеваат да ги стават под контрола најголемите шумски пожари во јужна Калифорнија. Пожарот наречен Томас, северно од Лос Анџелес, се прошири на уште 200 квадратни километри и е загаснат само 15 проценти, соопштија надлежните служби. Загрозени се во меѓувреме и универзитетскиот град Санта Барбара, северно од Лос Анџелес, како и приморското место Керпинтериа. Некои од тамошните предградија мораа да бидат евакуирани.

Пожарот Томас кој избувна минатиот понеделник во близина на градот Вентура и на чие распространување му погодуваа силните ветришта, незапирливо се шири и натаму. Тој веќе уништи речиси 600 објекти и 60.000 хектари земја, со што се вброи во најразорните во историјата на сојузната држава. Преку 200.000 луѓе ги напуштија своите домови за да се засолнат на безбедни места. Досега е пријавена една жртва во пожарите.

Гледај видео 01:14

Калифорнија се бори против пожарите

 

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама