1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Калифорнија погодена од силна бура на Божиќ

СН/дв | агенции
26 декември 2025

Властите предупредија за обилни врнежи од дожд, особено во Лос Анџелес, и издадоа предупредувања за евакуација.

https://p.dw.com/p/55z3v
Големи штети на пат предизвикани од поплави
Националната метеоролошка служба предупреди на „широк појас од влага“ што ќе предизвика обилни дождови во КалифорнијаФотографија: William Liang/AP Photo/picture alliance

По денови континуирани поројни дождови кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, Калифорнија беше погодена од уште една силна бурана Божиќ.

Невремето во четвртокот (25 декември, 2025) ги наведе властите во сојузната држава на САД да издадат предупредувања за евакуација и предупредувања од високи бранови.

Предупредување за евакуација беше издадено за Рајтвуд, планински град околу 130 километри североисточно од Лос Анџелес, еден ден откако луѓето заглавени во автомобили беа спасувани за време на лизгање на земјиштето.

Се очекува бурата, водена од таканаречената атмосферска река позната како „Ананас Експрес“, која носи големо количество влага од Хаваи до западниот брег на САД,  за само неколку дена да донесе количества на дожд кои обично паѓаат во текот на неколку месеци. 

Пат- блокиран со знаци на кои пишува дека е затворен. Зад знаците има возила на служните за поправка на електричната мрежа во Калифорнија
Невремето остави илјадници луѓе без струјаФотографија: William Liang/AP Photo/picture alliance

Бурата и придружните поројни дождови оставија повеќе од 70.000 луѓе без електрична енергија во четвртокот попладне.

Во средата, најмалку две лица беа пријавени како загинати поради обилните дождови и силниот ветер.

Лошото време продолжува

Иако во четвртокот имаше пауза во дождот во делови од Јужна Калифорнија, дождот ќе продолжи и денеска.

Во четвртокот имаше предупредување за „широка зона на влага“ која ќе предизвика обилни врнежи од дожд во Калифорнија.

„Можни се бројни случаи на обилни поплави. Покрај тоа, многу потоци може да се излеат, што може да влијае на поголемите реки. Поплавите може да вклучуваат текови на отпад во или во близина на областите што неодамна беа погодени од пожари“, соопшти службата за предупредувања. 

Автомобил затрупан во кал, камења и гранки по поплава
Ненадејните поплави ги затрупаа патиштата со кал, гранки и камењаФотографија: William Liang/AP Photo/picture alliance

Државните власти прогласија вонредна состојба во неколку окрузи, вклучувајќи го и Лос Анџелес.

„Сè уште не сме надвор од опасност. Дождот продолжува да паѓа низ округот Лос Анџелес, што ги прави патиштата, водните патишта и одводите исклучително опасни. Проверете ги условите пред да тргнете надвор денес“, соопштија во четвртокот претставници на округот Лос Анџелес на мрежата X.