Калашников молчи за американските санкции | Свет | DW | 27.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Калашников молчи за американските санкции

Новите американски санкции ја погодија и руската индустрија за производство на оружје. Но за време на посетата на новинари на татковината на познатата автоматска пушка АК-47, за темата санкции не се зборуваше.

Традиционална карирана удмуртска носија, игло во снег и многу компири. Ова не беше нешто што го очекував за време на специјалната посета за новинари на фабриката за производство на Калшников, организирана од руското Министерство за надворешни работи. Патувањето во индустрискиот град Ишевск, кој се наоѓа на западната страна на Урал, ветуваше ексклузивно разгледување на компанијата којашто е позната по својот бренд АК-47.

Но, наместо тоа, големиот број странски новинари добија неочекувана презентација на удмуртската култура - вклучувајќи и настап на поранешните руски натпреварувачки на Евровизија, Буратовски Бабушки. На нивниот репертоар: добро познати поп-песни испеани на локалниот удмуртски јазик. Меѓу нив можеше да се препознае и верзија на познатата „Let It Be“ на Битлси, која исто така можеше да се сфати и како порака до новинарите, кои дојдоа со еднакво наивни и високи очекувања од посетата на рускиот производител на оружје.

Russland Kalaschnikow Museum in Ischewsk (DW/E. Sherwin)

Музејот на Калашников во Ишевск

Закана од можни нови санкции од Западот

На крајот, наместо најавената посета на фабриката за производство на Калашников, имаше само посета на фабричкиот музеј. Ни беше соопштено, дека посета на фабриката не била одобрена во последна секунда.

Сепак, ни остана надежта дека ќе добиеме одговори на нашите прашања и при посетата на музејот. Калашников е една од 39. компании кои ќе бидат погодени од новите американски санкции. Листата во основа ги опфаќа најголемите имиња од руската воена индустрија. Според информациите на рускиот економски весник „Ведомости“, на овие компании отпаѓа 90% од извозот на руското оружје.

Впрочем, Калашников веќе беше погоден од претходните санкци, но од 29 јануари 2018 фирмите или земјите кои соработуваат со компаниите кои се под санкции, ќе мора да сметаат и на дополнителни американски санкции, што сојузниците на САД би ги спречило да се снабдуваат со руско оружје.

Според објасувањето на водичот во музејот на Калашников, за овој производител на оружје не е ново во својата 210-годишна историја да мора да се соочува со Западот. Во основачката година - 1807-ма, во Русија имало уште два производитела на оружје, но по серија војни против Франција, руската царска империја одлучила дека е „стратешки важно да се основа фабрика за производство на оружје длабоко на руската територија“, далеку од руската западната граница. Сепак, новите санкции против компанијата се чувствително прашање за концернот Калашников.

Russland Kalaschnikow Museum in Ischewsk (DW/E. Sherwin)

Внатрешноста на музејот во Ишевск

„Без коментар“

Во музејот, претставниците на компанијата ги претставија најновите пушки, вклучувајќи го и наследникот на АК-47, АК-204. Но, на новинарите не им беше дозволено ниту да снимаат ниту да интервјуираат претставници на компанијата. Беа дозволени само прашања до одделот за комуникација со медиуми, кои ветија дека ќе ни дадат само неофицијални дополнителни информации, но одбија да бидат интервјуирани или цитирани.

Како што ни беше објаснето, компанијата Калашников се префрла повеќе на производство на автоматско оружје. Во меѓувреме палетата производи е збогатена со моторни чамци и дронови, а повторно е заживеана и марката мотори „Иж“. Оваа стратегија соодветствува со барањата на претседателот Владимир Путин, кој минатата година побара од руската воена индустрија до 2020 година половина од своите производи да ги намени за цивили.

Но, во нашиот разговор со одделот за печат на фабриката, наидовме на ограничени неформални информации иако претходно ни беа ветени. Прашањата во врска со приватизацијата или проширувањето на компанијата и нејзините клучни пазари останаа неодговорени. Немаше коментар ниту за санкциите.

Повеќе на темата:

Москва му оддава почит на Михаил Калашников со огромен споменик

„Глобален“ регион

Во време на Советскиот сојуз, градот Ишевск, кој е седиште на Калашников, беше забранета област за странци. Оттука и очекувањата дека концернот ќе ги отвори вратите за странските новинари и ќе одговори на нашите прашања, уште од почетокот беа премногу добри за да бидат вистинити.

Првиот човек на Република Удмуртија, Александар Брехалов, нѐ увери дека својот регион го гледа како дел од „еден глобален свет“ и нема ништо против на прес-конференција да зборува за санкциите.

 Michail T. Kalaschnikow (picture alliance/dpa/S.Thomas )

Михаил Калашников со автоматска пушка пред Музејот за оружје Зул во Германија (25.07.2002, архивска фотографија)

Брехалов го минимизираше влијанието на санкциите во регионот, посочувајќи ја зголемената важност на азискиот пазар. Овој политичар, исто така, нагласи дека иако Калашников е светски познат бренд, производителот на оружје не игра доминантна улога во регионалната економија. „Калашников е исто толку важен како и околу 25 други компании кои се големи работодавачи тука и важни даночни обврзници. Тоа е сѐ.“

Кога стана збор за европските и американските санкции, ставот на политичарот беше подеднакво релативизирачки. „Секоја криза е исто така време на нови можности“, рече тој, посочувајќи ги позитивните ефекти од руските контрасанкции врз локалните и националните економии. И со мала насмевка додаде: „Претприемачите веќе рекоа 'и да немаше санкции некој ќе мораше да ги измисли'“- изјава која повеќе потсетува на удмуртскиот фолклор.

DW.COM

Реклама