1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како функционира чадорот за спас ЕСМ?

Јирген Шнајдер / Александар Методијев7 октомври 2012

Утре се отвора Европскиот механизам за стабилност, но до следното лето се очекува да стане независна европска институција. Во седиштето во Луксембург ќе работат 100-тина лица. Но, како тој всушност функционира?

https://p.dw.com/p/16BnR
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тој, Европскиот механизам за стабилност, или накратко ЕСМ, треба да помогне во надминувањето на актуелната евро-криза и во иднина за нејзино избегнување. Тој го заменува набрзина скрпениот чадор за спас ЕФСФ.

Грција е првата земја од еврозоната која не може да се справи со своите долгови. На ниту една евро-земја тоа не треба да и’ се повтори. За тоа треба да се погрижи новиот постојан фонд за спас ЕСМ.

Тоа е еден вид лонец со пари, кој се состои од кеш пари и гаранции - вкупно 700 милијарди евра, финансирани од евро-земјите. Ако една земја-членка е во криза, таа може да позајми пари од овој лонец.

Но, дали тоа ќе се случи, треба да одлучи Советот на гувернери на ЕСМ. Тој пред се’ е составен од министрите за финансии од 17-те евро-земји. Тој, независно од националните парламенти, може да одлучи кој колку пари ќе добие.

Германскиот министер за финансии меѓутоа мора да го праша Бундестагот пред да гласа. Уставните судии со својата пресуда експлицитно го потврдија учеството на парламентарците во тој процес.

Сепак, за земјата во криза да добие пари, таа треба да исполни стриктни услови. Тука во секој случај спаѓаат буџетските заштеди и реформите.

Лонецот на ЕСМ нема да се наполни пред 2014-та година. Засега кризните земји можат да ги користат преостанатите депозити од досегашниот фонд за спас ЕФСФ во висина од околу 240 милијарди евра.