1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како на слепите да им се врати видот

17 август 2006

Само во Германија околу 40 илјади луѓе страдаат од неизлечивата болест „ Retinitis pigmentosa“. Станува збор за наследна болест , од која болниот постепено ослепува. Во светот од оваа болест се погодени два до три милиони луѓе. Научниците во германскиот град Ахен развиле протеза која на заболените би им била имплантирана и која делумно би им го вратила видот.

https://p.dw.com/p/Aed6
Нова надеж за слепите лица
Нова надеж за слепите лицаФотографија: BilderBox

Пред 20- ина години Ханс - Јоахим Штурм дозна дека е заболен од болеста „Retinitis pigmentosa“.Никогаш порано не слушнал за таа болест. Кога сфатил што значи тоа, бил во шок. Бидејќи дијагнозата значеше дека постепено ќе го изгуби видот.

Retinitis pigmentosa“ е неизлечива наследна болест.Осетливоста на станиците на очната мрежница на светлина полека изумира.Првите знаци се губењето способност за разликување на бои или ноќното слепило. За Ханс-Јоаким Штурм , кој денес има 64 години тоа беше мачен процес. Бидејќи ниту научниците не знаеле да му кажат уште колку долго ќе може да гледа.„Тоа всушност се одвиваше полека, а понекогаш и многу брзо. Потоа, некое време останува на исто ниво, не се забележуваат никакви промени и тогаш одеднаш забележуваш дека некои работи кои до неодамна си ги гледал, сега не можеш да ги видиш. По една година гледаш уште послабо и тоа постепено оди понатаму.“

Видео запис преведен на јазик на нервните станици

Посебноста на таа болест е дека изумираат само оние станици на мрежницата кои се осетливи на светлина. Нервните станици зад нив, кои информацијата за сликата во окото ја пренесуваат до мозокот, остануваат здрави и до 30%. Всушност ова сознание го искористија научниците на Ахенскиот универзитет. Протезата која ги надоместува станиците на мрежницата се состои од два дела:имплантат кој во окото се вградува со операција и посебни очила. Очилата се всушност видео камера со чип кој информациите за сликата ги претвора во сигнали кои се разбирливи за нервните станици.Тие сигнали преку бежичен пат се пренесуваат во друг чип кој е вграден во очната леќа. Оттаму сигналите со минијатурни кабли се спроведуваат до микроконтактна фолија. Таа е потпрена на мрежницата и со помош на електроди ги надразнува нервните станици кои водат до очниот нерв. Така, човекот го гледа она што камерата го снима. Но, не потполно, признава професорот Петер Валтер од Универзиетот во Ахен:“ Сликата што ја гледа пациентот на почетокот ќе биде многу непрецизна. Но, на слепиот пациент може да му помогне да го разликува денот и ноќта или да ги заобиколи големите предмети, да препознае каде се вратата и прозорците. Сигуро дека не ќе може повторно да чита или да ги препознава лицата“, истакнува професорот Валтер.

Очната протеза би можела да им помогне на многумина

Интересот во светот за оваа област на науката е големо поради единствената причина:таквиот имплантат не би им помогнал само на пацинетите кои имаат “ Retinitis pigmentosa“.Професорот Вилфрид Моква од Ахенскиот институт за технологија и електротехника веќе ја гледа можноста на примена и кај другите очни заболувања:„Мислам дека можеме да им помогнеме и на пациентите кои боледуваат од т.н. Degeneracija macula.Тоа е еден вид старачко слепило кое се јавува кај многу повеќе луѓе отколку Retinitis pigmentosa.Сосема е веројатно дека нашиот имплантат може и тука да помогне„ смета Моква.

Но, за да стигнат дотаму пред научниците претстои уште долг пат.Најпрвин очната протеза мора да биде успешно тестирана. Моментално новата техника се тестира на животни во Ахен. За прв пат на човек очната протеза треба да биде вградена кон крајот на годината. Научниците сметаат дека со редовна примена би можело да се започне за пет до седум години.