Како навистина живеат Ромите во Европа? | Свет | DW | 08.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Како навистина живеат Ромите во Европа?

Ромите се најбројното етничко малцинство на Стариот континент. Тие во Европа живеат над 7 века.

8. април е Меѓународен ден на Ромите. Токму на овој ден во  1971 година  во Лондон беше одржан првиот Светски конгрес на Ромите. На конгресот е усвоено официјалното име - Роми. Дотогашниот назив „цигани“ е отфрлен како навредлив и дискриминирачки.

Денес во Европа живеат околу 12 милиони Роми и тие се најбројното етничко малцинство на Стариот континент.  Половина од нив во земјите од Европската унија. Во Романија, Бугарија и во Унгарија живеат најмногу Роми, додека во Хрватска и во Полска ги има релативно малку.

Гледај видео 01:47

Како навистина живеат Ромите во Европа?

Во прашање се само проценки, бидејќи многу Роми го премолчуваат своето вистинско потекло поради страв од дискриминација. Во Србија, например само 108.193 од вкупно 600.000 Роми така и се изјаснуваат. Во Македонија пак, процентките велат дека живеат 197 илјади Роми, додека на последниот попис како припадници на оваа етничка заедница се изјасниле 53 879 луѓе.

Повеќе:

-Ромите во Унгарија: Неинтегрирани, успешно дисциплинирани

-Од Шуто Оризари до Германија и назад

-Владите имаат обврска да обезбедат интеграција на Ромите

Ромите во земјите од средна и од југоисточна Европа главно живеат во сиромаштија. Шансите за работа им се минимални,  речиси никакви, а често се изложени на дискриминација и на физички напади.

Затоа Ромите од Македонија, Србија и од Албанија постојано се обидуваат да дојдат да живеат на Запад. Во Германија веќе со години голем број од нив безуспешно поднесуваат барања за азил. На Ромите од Бугарија и од Романија им е полесно. Тие од 2014 година можат да работат легално во ЕУ. Оттогаш само во Германија дојдоа  неколку десетици илјади.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама