Како да се заштитите: Митови и факти за коронавирусот | Панорама | DW | 26.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Како да се заштитите: Митови и факти за коронавирусот

Со цел да им застане на патот на бројните шпекулации и дезинформации за коронавирусот, Светската здравствена организација објави посебна интернет-страница која има за цел да ги разбие „митовите“ за вирусот со факти.

За почеток информирајте се за симптомите на коронавирусот. Според истражувањата на научниците, најчест симптом е треската. Таа била регистрирана кај 98% од пациентите кај кои била утврдена инфекцијата. 

Infografik Coronavirus typische Symptome MK

Заштитата од вирусот е релативно едноставна: 

Infografik Coronavirus: Ways to protect yourself and others MK

А сега малку за фактите. Примањето писма или поштенски пакети од Кина не е опасно: 

Infografik Coronavirus Briefe MK

А засега не постои ни вакцина: 

Infografik Coronavirus Impfung MK

Не плашете се од домашните миленици. Засега нема докази дека тие го пренесуваат вирусот.  

Infografik Coronavirus Haustiere MK

Јадењето лук е добро за организмот, иако луѓето во вашето непосредно опкружување веројатно нема да уживаат. Она што е најважно, нема да ве заштити ни од коронавирусот. 

Infografik Coronavirus Knoblauch MK

Жабуркањето со течност за уста е секогаш препорачливо (особено по конзумирањето лук), но и тоа не влијае многу на инфекцијата. 

Infografik Coronavirus Mundwasser MK

Слично е и со солениот раствор за нос. Помага, но само при настинки.

Infografik Coronavirus Nasenspray MK

Последно, но не и најмалку важно, не обидувајте се да се труете со хемикалии. Шпекулациите дека со нив ќе го спречите вирусот не само што нема да ве заштитат, туку можат и дополнително да ви го уништат здравјето. 

Infografik Coronavirus Bleichmittel MK

Она што е досега со сигурност утврдено е дека коронавирусот се пренесува преку капки од искашлување, кивање или кашлање на заразено лице. Периодот на инкубација е 14 дена, што значи дека лица кои не се свесни дека се заразени би можеле да ја пренесат инфекцијата на други лица. 

DW.COM

Реклама