Како да препознаете државно спонзорирана пропаганда? | Свет | DW | 08.01.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Како да препознаете државно спонзорирана пропаганда?

Политичарите низ светот користат пропаганда за да манипулираат со мислите и постапките на другите. Тоа е стратегија која ја применуваат и демократиите и диктатурите. Како да се препознае државно спонзорирана пропаганда?

Новинарката Марија Реса во 2021 доби Нобелова награда за мир заради нејзините напори во борбата против пропагандата и лагите кои ги шири филипинската држава. Последните манипулации на филипинската влада јасно покажуваат дека државно-спонзорираната пропаганда останува актуелен проблем на глобално ниво. За пример да се потсетиме на тоа како американската влада ја замаја јавноста за да си ги оправда причините за напад врз Ирак во 2003 година. 

Пропагандата спонзорирана од државата не нов феномен, но проблемот е што со тек на време таа еволуираше. Денес овој вид на пропаганда често е посуптилна и се шири преку социјалните медиуми и мрежи. 

Да го земеме овој пример: Мета, порано позната како Фејсбук, објави дека неодамна растурила кампања за дезинформации што ја ширеле властите во Никарагва. Во изминативе три години, преку разни веб страни и профили на социјални медиуми, се славел и промовирал претседателот на Никарагва, Даниел Ортега а се дискредитирала опозицијата во земјата.

Или пак ова: во септември, Јутјуб блокираше два канали на германски јазик управувани од рускиот радиодифузер, РТ (поранешна Russia Today) поради ширење на дезинформации за корона вирусот. РТ многумина го сметаат за медиум кој шири руска владина пропаганда. Навистина, актуелна студија од двајца аналитичари на Универзитетот Оксфорд покажува дека главната агенда на РТ е претставување на западните медиуми како организации кои шират невистини.

Но всушност што е пропаганда, и како може да ја препознаеме? ДВ разговараше со четворица експерти за да добие одговори на овие и други прашања.  

Дефинирање пропаганда 

Политичарите ја користат пропагандата за да манипулираат со мислите, чувствата или постапките на другите. Во разговор за ДВ, Пиер Робинсон, политиколог од Организацијата за пропагандни студии, вели дека со пропаганда може некој да се убеди да постапува или да се однесува на одреден начин. Тој го посочува примерот за тоа како американските политичари работеа за да ја натераат американската јавност да им даде поддршка за инвазијата врз Ирак во 2003.

„Во овој добро познат случај, тие намерно ги преувеличија разузнавачките информации за постоење оружје за масовно уништување за да го претстават Ирак како уште поголема закана од она што реално беше,“ вели Робинсон. Во земјата потоа никогаш не бeше пронајдено оружје за масовно уништување. Сликите презентирани од ЦИА со кои наводно се докажува нивно постоење беа намерна дезинформација за пропагандни цели. 

Флоријан Цолман, виш предавач по новинарство на Универзитетот од Њукасл, на предавања го користи примерот на Ирак за да илустрира дека дезинформациите и лажните вести се елементи на пропаганда. Тој вели дека често не е лесно да се препознаат лажни тврдења и пропаганда. Една студија на Европскиот парламент открива дека пропагандата може да претставува сериозна закана за владеењето на правото, демократијата и човековите права.

Робинсон и Цолман исто така нагласуваат дека ПР кампањите не се разликуваат многу од пропаганда. „Во крајна линија тие исто така се пропагандни техники,“ вели Цолман, но додава дека пропагандата не е секогаш лоша. Затоа треба да сме свесни дека и промотивни кампањи може исто така да бидат манипулативни. 

Која е целта на политичката пропаганда? 

Политичката пропаганда е осмислена за да фрли позитивно светло на политичарите и владите, изјави во ноември 2021 година во интервју за ДВ  Павел Кошкин, тогаш виш истражувач на Институтот за американски и канадски студии на руската Академија за науки. Кошкин изјави дека во Русија, пропаганда спонзорирана од државата се користи за да се креира „имиџ на Русија како демократска земја“.

Понекогаш политичката  пропаганда има за цел да критикува други земји, култури или вредности. Студија на Фондација за развој на медиумите, на пример, документира антизападни пораки кои се шират во грузиските медиуми. Во меѓувреме  пропагандата не е феномен лимитиран само на одредени региони во светот. Не ја користат само земји како Русија, Кина и Северна Кореја, вели експертот за пропаганда, Робинсон. „Проблемот е во тоа што имаме доста пропаганда и во демократските земји, но не сме свесни за тоа.“ 

И Цолман се согласува:  „Пропаганда има и во Германија и во САД,“ вели тој. Ја користат и авторитарните и демократските земји, вели Цолман. Но, слободниот пристап до алтернативни медиуми и информации е многу поедноставен во демократиите, вели тој. 

Russia Today

Руската телевизија РТ емитува програма во повеќе земји, меѓу кои и во Германија

Каква улога играат медиумите во ширењето на политичката пропаганда? 

Медиумите може да ги шират и умножуваат пропагандните содржини, посочува за ДВ Кристијан Мир од Репортери без граници.  Државниот руски радиодифузер РТ  на пример често пати е обвинуван дека служи како гласило на Кремљ. Нивното известување главно ги покрива официјалните ставови на руската влада. Сличен е случајот со Полската државна телевизија на која ѝ се префрла дека се служи со пропагандни техники за да ја глорифицира владејачката партија ПиС. Медиумите може активно да шират пропаганда или тоа да го прават несвесно и по грешка. Во идеален случај служат како откривачи и демаскирачи на пропаганда, вели Робинсон. И навистина аналитичарите се сложни дека тоа е една од најважните задачи за новинарите. Мир вели дека новинарите се во идеална позиција да помогнат да се демаскира пропаганда преку поставување тешки прашања на пратениците и интервјуирање независни експерти. 

Како да се открие политичката пропаганда?

Иако политичката пропаганда често е суптилна, сепак има начини да се идентификува: 

Пропаганда Мислења Медиуми

Како да препознаете државна пропаганда (на англиски јазик).

Текстот е објавен на 08.01.2022 година и е актуелизиран на 14.01.2022. Од јануари 2022 година Павел Кошкин не работи веќе како виш истражувач на Институтот за американски и канадски студии на руската Академија за науки