Како да ги разликувате: Настинка, грип или коронавирус? | Панорама | DW | 12.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Како да ги разликувате: Настинка, грип или коронавирус?

Кашлица, течење од нос, болки во грло и треска: симптомите честопати се слични кога ќе се почувствувате болни. Поради тоа е тешко да се разликува вирусна од бактеријална инфекција.

На прв поглед, симптомите на новиот коронавирус се слични на оние кои ги знаеме од вообичаената настинка или грип.
Вообичаените симптоми на коронавирус вклучуваат:
- Треска
- Сува кашлица
- Недостаток на здив
- Болни во мускулите
- Замор

Помалку типични симптоми на коронавирус:
- Шлајм
- Главоболка
- Искашлување крв (Хемоптиза)
- Дијареја

Симптоми нетипични за коронавирус:
- Течење од нос
- Болки во грло

Течењето од нос и болките во грло се типични знаци на инфекција на горниот респираторен систем. Оттука, оние кои киваат или шмркаат најверојатно имаат грип или обична настинка.
Со оглед на тоа што новиот коронавирус најчесто го напаѓа долниот респираторен тракт, најголемиот дел од инфицираните имаат сува кашлица, недостаток на здив или пневмонија, но не и болки во грлото.

Infografik Coronavirus typische Symptome MK


Симптомите се појавуваат подоцна 
Многумина од инфицираните со новиот вирус на почетокот на покажуваат никакви симптоми. Според германскиот институт „Роберт Кох“, новиот вирус има период на инкубација од 14 дена. Доколку не сте сигурни од што боледувате, консултирајте се со лекар. Медицинска анализа на шлајмот ќе помогне да се утврди дали постои вирусно заболување.
Дали помагаат маските за дишење? 
Не. Маските за дишење нема да ви помогнат. Вирусите не се пренесуваат преку воздухот, туку преку директен контакт. Оттука, подобро е да се држите подалеку од оние кои се, или би можеле да бидат заразени. Најважна превентивна мерка е редовно и ревносно миење раце со сапун и топла вода. Препорачливо е исто така да се користат крпи за една употреба за бришење на рацете.
Грип или настинка? Ова се малите разлики 
Дури и лекарите имаат потешкотии да ја утврдат разликата меѓу случаи на инфлуенца и нормална настинка кога ќе го видат пациентот. При настинка, повеќето пациенти имаат болки во грлото, потоа течење од носот, а на крајот се развива и кашлица.
Овие симптоми, дополнети со треска и главоболка, можат да траат со денови.
За споредба, грипот ве удира одеднаш: Пациентот чувствува болки во главата и екстремитетите, развива сува кашлица, гласот му станува рапав, има болки во грлото и висока температура. Кога сте болни од грип не можете да станете од кревет, немате апетит и можете да спиете со часови.

Infografik Coronavirus: Ways to protect yourself and others MK


Нормалната настинка вообичаено минува за неколку дена, а повеќето симптоми исчезнуваат за една недела. Грипот е далеку поздодевен и може да ве држи врзан за кревет цела недела, во некои случаи потребни се и неколку недели додека да се опоравите целосно.
Германските здравствени институции препорачуваат секој жител на Земјата кој е под зголемен ризик од сериозна болест секоја година да се вакцинира од грип. Таа препорака ги вклучува лицата над 60 години, хронично болните, бремените жени, и жителите на старски домови. Вакцина се препорачува и за сите медицински лица и вработени во јавни институции.
Кога се користат антибиотици? 
Повеќето настинки и грипот се предизвикани од вируси и антибиотиците се бескорисни против нив.
Антибиотиците ја засилуваат одбраната на телото убивајќи или спречувајќи го растот на бактериите, но исто така ги напаѓаат клеточните ѕидови или метаболичките процеси на микроорганизмите. Така делува пеницилинот, на пример. Но, тоа функционира само кај бактериите, а не и кај вирусите.
Антибиотиците имаат смисла во случаи кога бактерија го напаѓа телото преку ослабнат имунолошки систем и почнува да се размножува. Тој процес може да доведе до инфекции кои понекогаш предизвикуваат трајно нарушување на некои органи. Бактериите најчесто предизвикуваат пневмонија, тонсилитис, циститис или менингитис - и во таков случај се препорачува користење антибиотик.
 

Реклама