Како Германија се бори со десничарскиот екстремизам? | Свет | DW | 20.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Како Германија се бори со десничарскиот екстремизам?

Десничарски екстремизам во Бундесверот, бројни напади врз бегалците, чести маршеви на неонацисти. Германија има проблем со десничарскиот екстремизам. Како го решава? #DE_facto:

Десет насто од Германците посакуваат нов фирер налик на Адолф Хитлер. Во минатата година беа регистрирани 585 физички напади врз бегалци во земјата со 434 повредени лица. Образовниот систем и правната држава и цивилното општество се трудат сето ова да остане само исклучок, а не правило. Против десничарскиот екстремизам борба се води со едукација во училиштата. Германската влада финансира програми за оние кои ќе ѝ завртат грб на есктремистичката идеологија. На собирите на неонацистите реагира граѓанското општество - и на улица покажува кој е во мнозинство. Сепак и натаму демне прашањето: дали Германците успешно се имаат соочено со мрачниот период од своето минато?

Одговори на ова прашање побара екипата на ДЕ_факто. Повеќе во следново видео:

Гледај видео 02:33

#DE_Facto: Како против десничарскиот екстремизам?

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама