Каков е односот кон бегалците и мигрантите во БиХ? | Информации и анализи за Балкан | DW | 23.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Каков е односот кон бегалците и мигрантите во БиХ?

Во БиХ во мометов има околу 4.000 мигранти и бегалци, а нивната најголема концентрација е во подрачјето на Унско-санскиот кантон.

Властите во кантонот решението го гледаат во запирање на автобусите и возовите од кои ги симнуваат мигрантите и бегалците, кршејќи го нивното право на слобода на движење и ги протеруваат на ентитетска граница. Така беше и пред неколку дена кога на лице место беше репортерот на ДВ.

Во 23:12 возот од Сараево со околу 150 мигранти и бегалци пристигнува во Босанска отока.  Подготвено го дочекаа припадниците на специјалната полиција на Унско-санскиот кантон. На локалното население не му се допадна тоа што ДВ известува за проблемите со бегалците и мигрантите и се обиде да го запре снимањето. „Ајде оди си ти реков. Имаш две минути. Не е важно кој сум јас, граѓанин сум. Оди си!“, се закануваше еден мештанин.

Гледај видео 01:45

Мигрантите на ничија земја

 

Неколку семејства со деца можеа да продолжат кон Бихаќ, додека другите мораат да слезат. Околу 140 лица организирано со автобуси ги носат на етнитетската линија на разграничување. Ги оставаат на магистралниот пат во целосна темнина, без храна, вода, медицинска помош...  

Активностите ги спроведува Оперативна група за мигранска криза со цел да го намали приливот мигранти во Унско-санскиот кантон. Кога мигрантите тргнаа 100 метри по улицата на север ги вратија специјалци од Република Српска. Кога тргнаа на југ ги вратија припадниците на полицијата на УСК и остануваат на ничија земја. Очигледен пример за неспособност или за желба на сите нивоа на власт во БиХ да преземат или да водат грижа за мигрантите и за бегалците. Не само што сериозно ги кршат човечките права, туку ваквите акции досега не дадоа резултати.

Гледај видео 02:03

Дали бегалската криза е завршена?

„Патувавме со воз и не' исфрли полицијата и не' донесе тука. Спиеме тука две ноќи, немаме вода ни храна“, раскажува Обаид, бегалец од Авганистан. 

Бегалците и мигрантите главно сакаат да стигнат до земјите од западна Европа каде се надеваат дека  ќе можат да работат и повторно да изградат живот. Во мир. „Сите ние имаме проблем во Авганистан, бидејќи таму има војна и е опсано. Талибанци, Даеш, ИД...“, вели Махмад Јакуб, бегалец од Авганистан

Тој и неговите сопатници прачаа дека ќе си ја пробаат среќата во наредните денови и ќе се обидат да пронајдат пат преку Хрватска до Италија.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама