Какви се интересите на Русија во Венецуела | Свет | DW | 28.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Какви се интересите на Русија во Венецуела

Ако падне социјалистичкиот режим на Мадуро во Венецуела, Русија би била еден од големите губитници, и тоа не само поради можното невраќање кредити.

Во Венецуела е во тек борба за власт. Голема е веројатноста да падне режимот на Николас Мадуро кој долго беше поддржуван од Кремљ. Се поставува прашањето - како на Русија ќе се одрази загубата на долгогодишниот сојузник?

Повеќе: Криза во Венецуела: клучните играчи и институции

Инвестициите од „Роснефт“ не се загрозени

Сите погледи се насочени кон рускиот државен нафтен концерн „Роснефт", чиј што Надзорен одбор го води поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. „Роснефт" е вклучен во пет проекти на државната венецуелска нафтена компанија „Петролеос де Венецуела“. Уделите на компанијата се помеѓу 26 и 40 проценти. Колку е голема веројатноста „Роснефт“ тоа да го загуби?

Малку веројатно е дека нова влада на местото на Мадуро би почнала со национализирање на странски инвестиции, секако доколку сопственоста е стекната по правен пат и без коруптивни дејствија. Можно е инвеститорите кои во четвртокот на московската берза ги продадоа акциите од „Роснефт" да делувале избрзано.

Според податоци од 2017 година, компанијата „Роснефт" фактички ѝ дала на Венецуела кредит во висина од шест милијарди долари. Кредитот бил вратен преку удели во проекти и добиената нафта. Неодамна имаше одолговлекувања во снабдувањето со нафта и шефот на „Роснефт", Игор Сечин, во ноември 2018 мораше да допатува во Каракас. Кредитниот договор истекува во 2019 и најголемиот дел од средствата рускиот концерн на еден или друг начин веќе ги има повратено.

Venezuela PDVSA-Mitarbeiter und Rosneft-Präsident Igor Sechin (Imago/ITAR-TASS)

Вработен во државната венецуелска нафтена компанија ПДВСА со првиот човек на Роснефт, Игор Сечин (д.)

Кредитите за оружје ѝ помогнаа на руската индустрија

Комликувана е ситуацијата со кредитите кои Русија ѝ ги има дадено на Венецуела за да купи руско оружје. Според руските медиуми, Москва во изминативе 20 години за оваа намена на Каракас му има префрлено околу 11 милијарди долари. Нема информација, колкав дел од ова е вратен назад. Меѓу другото, има информации според кои венецуелскиот долг е реструктуриран според поволни услови.

Нејасно е дали една можна нова венцуелска влада ќе ги врати овие кредити. На крајот се работи за земја која го поддржува Мадуро. Украина, на пример, се противи до ден денес да го врати рускиот кредит од 2013 година, кој Русија ѝ го има дадено за поддршка на тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович. Парите во Венецуела за Русија не се целосно загубени, бидејќи беа потрошени за калашникови, воени авиони, хеликоптери, тенкови и друга воена опрема од руско производство, со што си ја поддржуваат сопствената индустрија.

Venezuela Öl-Raffinerie PDVSA (picture-alliance/dpa/C. Landaeta)

Рафинерија на ПДВСА во Пуерто Ла Круз, во Венецуела

„Хорор сценарио“ за Москва

Според проценките, руските загуби во случај на промена на моќта во Венецуела би можеле да изнесуваат единаесет милијарди долари или повеќе. Иако тоа не е ништо во споредба со последиците кои би настанале ако Венецуела го зголеми производството на нафта и со тоа изврши притисок за долгорочно намалување на цената на нафтата. Венецуела се смета за земја со најголеми нафтени резерви. Но дваесетте години социјалистичко владеење, прво со Хуго Чавез, а по него и со Мадуро, доведоа до пад на нафтената индустрија во земјата. Ситуацијата е толку драматична што Венецуела денес речиси и да не игра никаква улога на светскиот пазар на нафта.

Повеќе: САД со предупредување до режимот на Мадуро

Доколку во случај на промена на власта производството на нафта повторно биде водено ефикасно и пазарно, и ако се вратат западните, а пред сѐ американските концерни, тоа ќе доведе до поголема побарувачка и зголемување на извозот. Тоа секако нема да се случи брзо, но ќе значи нова стартна позиција за идните договори, со што може да се намали цената на нафтата на светските пазари. Тоа за Москва би било вистинско хорор сценарио.

DW.COM

Реклама