Какви пораки носи Меркел во Загрeб и во Белград? | Теми | DW | 21.08.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

Какви пораки носи Меркел во Загрeб и во Белград?

Спроти посетата на германската канцеларка на Хрватска и на Србија во Берлин е најавено дека во фокусот на разговорите ќе бидат регионалните и економските теми. Посетата во моментов е многу важна, оценуваат познавачите.

Канцеларката Ангела Меркел

Канцеларката Ангела Меркел

Од владиниот кабинет во Берлин неофицијално е објавено дека канцеларката Ангела Меркел на српските претставници ќе им пренесе порака дека признавањето на Косово не е услов за добивање кандидатски статус и за отворање на пристапните преговори со Европската унија. Истовремено се вели дека Србија пред да стане членка на Европската унија ќе мора да ги признае новите граници во регионот.

Kroatien Ministerpräsident Jadranka Kosor

Хрватската премиерка Јадранка Косор

Косор ги вознемири Германија и Европа

Претседателот на парламентарната група за Југоисточна Европа и партиски колега на канцеларката, Петер Вајс оценува дека посетата на Меркел на Хрватска и на Србија во моментов е многу важна. Германија со Хрватска, како идна членка на Европската унија мора да ја усогласи заедничката европска политика, но истовремено и да ги предупреди хрватските претставници да ја следат политичката линија која води кон помирување со соседните држави. Вајс тврди дека говорот на премиерката Јадранка Косор за време на прославата од годишнината на операцијата „Бура“, во кој јавно ги поздрави во Хаг осудените хрватски генерали, Готовина и Маркач, во Германија и во Европа предизвикала загриженост и вознемиреност.

---

Белград мора да постигне договор со Приштина

Истовремено Вајс истакнува дека Германија активно го поддржала европскиот пат на Србија, и оти официјален Берлин го цени тоа што Србија ги израчила хашките бегалци. Меѓутоа ЕУ, а со тоа и Германија во никој случај нема да дозволат во рамките на нејзините граници повторно да се случи уште еден Кипар.

Вајс објаснува: „Тоа значи дека за европската перспектива на Србија потребен е задоволувачки договор со Косово. Ангела Меркел уште еднаш силно ќе ја охрабри и ќе ја повика српската влада позитивно да ги приврши разговорите со Приштина“. „Најтежок дел од претстојната посета на канцеларката на Белград ќе биде на српското раководство да му појасни дека на северот на Косово мора своите сили да ги насочи кон соработка, а не конфронтација“, коментира пак Енвер Робели, дописник од Балканот на германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Автор: Селма Филиповиќ/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

Поврзана содржина