1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Каде е претседателот на Интерпол, Менг?

СН/ агенции
6 октомври 2018

По пристигнување во Кина на крајот на септември, му се губи секаква трага на претседателот на Интерпол Менг Хонгвеи. Сега, неговата жена, ги алармираше властите. Француското правосудство го истражува случајот.

https://p.dw.com/p/3657t
Meng Hongwei
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Metzel

Кинеските власти сѐ уште не се огласија за исчезнувањето на Менг Хонгвеј, претседател на Меѓународната криминалистичка полиција (Интерпол) кој беше помошник на министерот за јавна безбедност.

Медиумите во Хонгконг пренесоа дека Менг е предмет на истрага во Кина, додека неговата сопруга го пријавила неговото исчезнување на францските власти наведувајќи оти нема вести за споругот откако на крајот на септември отпатувал од Франција во Кина.

Се шпекулира дека Менг веднаш по слетувањето е одведен во непозната насока.

Интерпол, чие седиште е во Лион, кусо наведе оти тој случај го истражуваат надлежни органи во Франција и во Кина.

Interpol Logo
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Rahman

Од таму додадоа дека генералниот секретар Јирген Шток, а не Менг, е задолжен за организирање на секојдневни активности во Интерпол.

Засега, исто така, не се знае дали Менг, кој беше избран за претседател на Интерпол во 2016 година, е предмет на истрага на кинеските власти за корупција. Оваа кампања против корупцијата ја започна кинескиот претседател Ши Џинпинг во 2012 година и оттогаш околу 1,5 милиони функционери се под истрага.