Кавга во Советот за безбедност околу армијата на Косово | Свет | DW | 18.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кавга во Советот за безбедност околу армијата на Косово

Српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, разменија жестоки обвинувања на тема - косовска армија на вонредната седница на СБ на ОН. Сепак, и двајцата изразија подготвеност за дијалог.

Одлуката на косовската влада за создавање сопствена армија предизвика кавга во Советот за безбедност на ОН. Српскиот претседател Александар Вучиќ во овој чекор гледа загрозување на мирот и стабилноста во регионот, а на исто мислење е и рускиот претставник во СБ, Васили Небенсја. На вонредната седница на највисокото тело на ОН, Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи повеќепати влегоа во расправија.

Treffen UN-Sicherheitsrat | Präsident von Serbien Aleksandar Vucic (picture-alliance/dpa/C. Ruttle)

Срспкиот престедател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност

Според српските медиуми, Вучиќ од ОН побарал поголем ангажман во косовскиот конфликт и најавил дека продолжувањето на дијалогот „се подразбира само по себе“, но додал и дека „Србите се многу горд народ и ние нема да прифатиме понижувања“. „Тоа нема да му го дозволиме никому на светот, сеедно колку голем е тој, а колку мали ние“, изјавил Вучиќ.

Повеќе:

Косово: На сите страни само губитници

Косово: Гутереш бара воздржаност, Москва предупредува од вооружен судир

Липково на удар на српско-руска пропаганда

Тачи во Советот за безбедност ја бранеше одлуката како „ништо невообичаено“ и „природен чекор“. Вучиќ го обвини за „таканаречено суверено право“ на Косово на регуларна армија.

Treffen UN-Sicherheitsrat | Präsident des Kosovo Hashim Thaci (picture-alliance/dpa/C. Ruttle)

Косовскиот претседател Хашим Тачи на сендицата на СБ

Тој, исто како и Небенсја, укажа на резолуцијата 1244 од 1999 година, со која е ставен крај на косовската војна и која правото за одржување на редот и мирот им го дава на меѓународните мировни сили на Косово - КФОР. Тачи пак укажа на косовски медиумски извештаи за воени злосторства на српските воени сили и од Вучиќ побара „да не прави драми“ во Советот за безбедност.

„Ако Косово направило грешка, тогаш само таква што пет години чекавме на создавање армија“, оцени Тачи. Тој уверуваше дека армијата со „војници на мирот“ ќе придонесува за стабилност на регионот. Тачи рече и дека е општо познато „кој беше жртва, а кој агресор“ (во војната во 1999 година). Сега Косово „ќе ја покаже својата висока државна одговорност“, нагласи косовскиот претседател.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама