И Ципрас и Заев оптимисти за решавање на спорот за името | Македонија | DW | 02.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

И Ципрас и Заев оптимисти за решавање на спорот за името

И македонскиот и грчкиот премиер се оптимисти дека во текот на оваа година може да се најде решение за деценискиот спор за името. Ципрас очекува дела наместо зборови, а Заев покани за ЕУ и НАТО.

Оптимизам во Скопје и Атина дека може да се најде решение на деценискиот спор за името, но и предупредување од грчка страна дека зборовите треба да прејдат во дела.

Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во изјави дадени денеска најавија дека се можни чекор за надминување на долгогодишниот конфликт.

„Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Се додека од другата страна навистина постои желба да се направат чекори, останува да го видиме тоа, верувам дека може да се направат чекори кон излез од безизлезната ситуација“, изјави Ципрас во интервју за грчкото радио „Реал ФМ“. Но, тој предупреди дека зборовите сепак треба да прејдат во дела.

„Во надворешната политика треба да се биде воздржан, да не се зборува многу. Повеќе ги преферирам делата, отколку зборовите“, ги пренесува МИА зборовите на грчкиот премиер.

Повеќе на темата: 

Почеток на маратонски консултации меѓу Скопје и Атина

Заев за ДВ:  Сите мора да дадеме свој придонес за реформите!

Заев реплицираше на прес-конференција неколку часа подоцна оценувајќи дека „пријателската атмосфера создава предуслови за да се влезе суштински во преговори“.

„Македонија е решена во првото полугодие на 2018 вистински и суштествено да навлезе во решавањето на проблемот со името. Убеден сум дека е можно да се најде решение“, рече Заев. Иако вели дека лично „има резерви по ова прашање“, Заев сепак е убеден дека „оптимизмот и пријателството кое го создаваме ќе ни биде само од полза, односно ќе ни овозможи да се излезе од клинч и да се изнајде решение за овој проблем“.

Заев рече дека за време новогодишниот престој во Солун, на двапати телефонски разговарал со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и еднаш со премиерот Алексис Ципрас.

„Дефинитивно 2018 може да биде одлична година за Република Македонија, затоа што можеме да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за влез во НАТО“, оптимист е македонскиот премиер.

DW.COM

Поврзана содржина