И по Сталин - Сталин! | Свет | DW | 05.03.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И по Сталин - Сталин!

60 години по смртта на советскиот диктатор, Русија доживува нов процут на неговиот култ. Сталиновите портрети се наоѓаат на автобуси, сликички, постери. Многумина се прашуваат-зошто овој култ се развива токму денес?

Јосиф Висарионович Сталин умре на 5 март 1953 година на возраст од 72 години. Неговата смрт предизвика масовна жалост во тогашниот Советски Сојуз, но и во други земји од екс-Источниот блок.

Руската државна телевизија деновиве интензивно се занимава со Сталин како човек кој во тешките времиња морал да донесува тешки одлуки. Одделни политичари дури предлагаат Волгоград повторно да си го врати името-Сталинград. Тоа име, променетето во екот на „десталинизацијата“ во 1961 година, сметаат тие, би можело трајно да потсетува на победата над Хитлеровата Германија. Зошто во Русија и денес толку се жали по овој масовен убиец? За ова во земјата се водат жестоки дебати.

„Тој беше речиси како Исус Христос“

Сталин беше обожаван како голема ѕвезда, тврди позатиот публицист Николај Сванидзе во статијата објавена во весникот „МК“

„Тој веќе не е крволочен диктатор, туку речиси Исус Христос“, провокативно коментира Сванидзе. Тој оценува дека денес нема големи промени во однос на порано:

„Народот малку се грижи за слободата и демократијата(...), рамнодушно се согласува на се‘, гласа едногласно и ја мрази Америка“.

Stalin Todestag 60 Jahre Ehrung

Меѓу народот постои позитивна слика за бившиот диктатор

Борците за човекови права и историчарите со години предупредуваат на тоа што многу архиви и натаму се затворени и по фазата на отворање и демократски промени. Затоа е тешко расветлувањето на злосторствата на Сталин. Неговите логори на смртта, стрелањето свештеници и други невини луѓе, големиот глад,целата димензија на бруталната нечовечност на режимот на Сталин воопште не се ни споменува во јавните дебати.

Промена на расположението

Но, има и такви родители кои се шокирани од описот на Сталин во училиштата како „ефикасен менаџер“ и втемелувач на Советскиот сојуз како светска сила. Историчарот Александар Ватлин од Универзитетот во Москва смета-се заканува опасност Сталин да стане популарен меѓу младите како „симбол на храброст и авторитет“. Аналитичарите предупредуваат и од натамошно користење на ликот на Сталин за поделби во општеството и свртување на вниманието од важните прашања:

„За Сталин многу се зборува зашто недостига реална политика“, рече книжевникот Михаил Велер на тркалезната маса организирана по повод 60-годишнината од смртта на Сталин.

Русија денес се‘уште ги чувствува тешките последици на сталинистичкото комунистичко господарење, вели економистот Михаил Алексејев. Тој како пример го наведува тоа што државата и натаму држи премногу нешта во своја сосптвеност, што, според негово мислење, го кочи развојот.

Без огледна сите критики, испитувањата на јавното мислење покажуваат позитивна оценка на бившиот диктатор од страна на се‘ поголем број Руси. Анкетата која есеноска ја споведе институтот Левада покажува-48 проценти од испитаниците сметаат дека Сталин одиграл позитивна улога во историјата. Пред само 15 години дури 60 проценти од Русите имаа негативно мислење за Сталин.