И по Ле Пен - Ле Пен | Европа | DW | 16.01.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

И по Ле Пен - Ле Пен

Француската десничарска партија Национален Фронт по 40 години доби нов лидер. По Жан-Мари Ле Пен, на негово место доаѓа повторно Ле Пен - неговата ќерка Марин.

default

Смена на врвот - ќерката го наследи таткото Ле Пен

Крајната десница во Франција за првпат ќе биде предводена од една жена. Во внатрешниот избор на Националниот фронт, партија основана од Жан-Мари Ле Пен, за нов претседател е избрана неговата ќерка Марин Ле Пен, која доби 67,65% од гласовите, наспроти 32,25% за нејзиниот противкандидат, Бруно Голниш.

„Таа е вистинска закана за Никола Саркози, кој во 2007 направи двоен удар - го повампири Националниот фронт и ги привлече уште во првиот круг неговите избирачи, со што победата на левицата стана невозможна“, вели Кристоф Барбие, директор на редакцијата на неделникот „Експрес“.

Трет човек

По „ужасната 2007 година“, Националниот фронт три години подоцна, на регионалните избори во 2010,

Frankreich Marine Le Pen

Марин Ле Пен од денеска (16.01) е на врвот на Националниот фронт

повторно ја крена главата. Во меѓувреме, новата лидерка на Националниот фронт успеа да им се наметне на Французите, давајќи еден „похуман“ изглед на партијата на крајната десница и идеите кои таа ги претставува. Резултат на тоа - за само неколку месеци Марин Ле Пен, успеа да го зголеми процентот на наклонети избирачи од 12 % на 16,5%, со што јасно е дека таа ќе биде „третиот човек“ при претседателските избори 2012 година и директна закана за класичната десница, бидејќи дел од симпатизерите и гласачите на владеачката УМП се привлечени од идеите на Марин Ле Пен.

„Ако Саркози не успее да го повтори подвигот од 2007,во 2012 година не само што ќе биде загрозен од Марин Ле Пен, туку ризикуваме ситуација во која таа може да се најде во вториот круг од претседателските избори“, оценува Кристоф Барбие.

Долгиот пат на Марин

Националниот Фронт успеа да ги наметне темите - имиграција, внатрешна сигурност и муслимани, како

Frankreich Jean-Marie Le Pen

Жан-Мари Ле Пен се повлече по 4 децении

водечки теми во дискусиите и акциите на класичната десница во Франција. Не случајно, при новогодишната порака до Французите, претседателот Никола Саркози сакаше да се покаже како заштитник. Наспроти залагањата на Марин Ле Пен за излегување од еврозоната, Саркози одговори: „ Не верувајте им, мои драги сонародници, на оние кои ветуваат дека ќе излеземе од еврото. Изолацијата на Франција претставува лудост. Крајот на еврото ќе биде крај на Европа“.

„Патот е долг за Марин Ле Пен“, вели директорот на неделникот „Ескпрес“, Кристоф Барбие, нагласувајќи дека таа ќе има тешкотии да добие доволно потписи за поддршка на претседателската кандидатурата. „Националниот фронт нема пари за кампања, а една предизборна кампања е тешка“, заклучува Барбие.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска