И партиите сега директно погодени од Ковид-19 | Северна Македонија | DW | 20.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

И партиите сега директно погодени од Ковид-19

Ситуацијата со епидемијата во земјата во моментов е драматична. Тоа изискува и бројни вонредни мерки. Македонската влада, во рамките справувањето со Ковид-19, сега ги удри по џебот и политичките партии.

Македонската влада синоќа одлучи дека 4 милиони евра од буџетот наменети за финансирање на партиите ќе ги употреби за борба со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Тоа е околу четири петини од предвидените пари во државниот буџет за 2020 година за финансирање на парламентарните политички партии.

Владата во Скопје на предлог на министерството за правда донесе уредба со законодавна сила, со која значителен дел од парите ќе се пренаменуваат за борба со последиците од Ковид-19, наместо да бидат исплатени на партиите.

Повеќе:

-Изборен ролеркостер

-156 новозаболени од коронавирус - Скопје не го напушта првото место

-Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија

Според оваа уредба, парламентарните политички партии од буџетот за финансирање ќе добијат само 0,04 отсто, наместо 0,15 насто.„Ако требаше на партиите да им бидат исплатени 320 милиони денари, со оваа уредба со законска сила на партиите во 2020 година треба да им се исплатат вкупно 71.480.556 денари“, наведе Министерството за правда.

„Изразено во евра, околу 4 милиони евра ќе бидат пренаменети во буџетот за борба со последиците од пандемијата, а за политичките пратии останува малку повеќе од еден милион евра, кои ќе бидат распоредени во согласност со законските процеси“, прецизираат од министерството за правда.

Инаку во јуни епидемијата во земјата доби драматиччни димензии. Бројот на досега дијагностицирани случаи на Ковид-19 се приближува кон бројката од 5000 а од болеста починаа 222 лица. Активни случаи има 2735 со околу 40 кластери ширум земјата, од кои најголем број се во главниот град. 

 

 

Реклама