И оздравените треба да се вакцинираат против Ковид-19, но со една доза  | Панорама | DW | 14.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

И оздравените треба да се вакцинираат против Ковид-19, но со една доза 

Не веднаш, но вакцина се препорачува и за оздравените од коронавирусот со цел што подолго да имаат имунолошка заштита. 

Над 160 милиони луѓе во светот се заразени со САРС-КоВ2. Во Германија има 3,5 милиони потврдени случаи, од кои над 90% односно 3,2 милиони се оздравени. Ова покажува колку и понатаму ќе биде голема потребата од вакцинирање ширум светот.
Со оглед на недостатокот на вакцини, оздравените не се меѓу приоритетните групи за вакцинација, но вакцинацијата има смисла и за нив со цел што подолго да ја задржат природно стекнатата имунолошка заштита.  

Добра заштита веднаш по корона-инфекцијата
  
По заразувањето со корона, оздравените брзо развиваат привремена заштита од нова  зараза. Според една австриска студија (https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1111/eci.13520 ) објавена во стручниот „Европски журнал за клинички студии“ можноста за реинфекција е помала за 91% во првите пет до шест месеци. Тоа е приближно исто како и по вакцинирање со високо-ефикасните вакцини.

Повеќе:

Дали трудниците треба да се вакцинираат против Ковид-19?

Ковид-19: Дали е доволна само една доза од вакцината?

Вакцинираните против грип се поотпорни на Ковид-19 - зошто?

Сепак бројот на антитела, таканаречениот хуморален имунолошки одговор кој спречува навлегување на вирусот со тек на време опаѓа, особено кај оние со полесна клиничка слика. За среќа нашиот имунолошки систем има и втор имунолошки таканаречен клеточен одбранбен систем. Овие таканаречени Т-клетки се дел од групата бели крвни зрнца и имаат мемориски елемент кој се активира веднаш кога повторно ќе дојдат во контакт со коронавирусот.



Вакцина најрано по шест месеци 

За да не се предизвика прекумерна имунолошка реакција и со оглед на тоа дека се уште нема доволен број вакцини, докторите препорачуваат оздравените да примат вакцина најрано по шест месеци од оздравувањето. 
Имунолошката реакција по вакцинирање е многу посилна кај оздравени отколку кај оние кои не биле заразени. Ова воопшто не е зачудувачки објаснува вирологот Сандра Чисек во подкастот за НДР. 

„Имунолошкиот систем е подложен да учи, а кај оздравените телото веќе имало контакт со патогенот и го познава,“ вели Чисек. Поради тоа по вакцината имунолошкиот систем кај овие луѓе многу побрзо и посилно се активира.

За оздравените една доза е доволна

Вакцините кои се сега достапни се ефикасни само доколку се примат по две дози, освен вакцината на Џонсон и Џонсон од која е доволна само една доза. Но, кај оздравените ситуацијата е поинаква. Со оглед на тоа дека нивното тело веќе го познава коронавирусот, кај нив е доволна само една доза. Таа ќе делува само како засилувач на имунитетот, особено на Т-клетките. 
И Роберт Кох Институтот и германската надлежна комисија СТИКО ги ажурираа препораките за оздравените - сосем е доволна една доза најрано шест месеци по болеста. 

„Поради стекнатиот имунитет само една доза вакцина е доволна за засилување на имунолошкиот систем. За оздравените се препорачуваат сите одобрени вакцини." 

Потребна редовна годишна вакцинација против корона? 

Нашиот имунолошки систем различно реагира на различни патогени. Откако  еднаш ќе преболите сипаници не можете повторно да се заразите од нив. Една вакцина против голема кашлица или жолта треска е доволна за заштита цел живот. 
Ситуацијата е поинаква кај вирусите на грип кои постојано се менуваат па луѓето со послаб имунитет мора секоја година да се вакцинираат за да се заштитат. 
И коронавирусот се покажа дека е комплексен и подложен на промени како што гледаме од бројните мутации. Оттука следните неколку години ќе ни покажат дали ќе има потреба од редовна годишна вакцинација или ќе биде доволна вакцина во интервали од неколку години.