И Мицотакис ќе се бори за датум за ЕУ, тврди Заев | Северна Македонија | DW | 14.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

И Мицотакис ќе се бори за датум за ЕУ, тврди Заев

Почитувањето на Преспанскиот договор е предуслов за Северна Македонија да напредува во европските интеграции, порача грчкиот премиер Мицотакис на средбата со Заев во Солун.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се бори за евроинтеграциите на Скопје и за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, информира премиерот Зоран Заев по состанокот со својот грчки колега на маргините на самитот во Солун. На втората меѓусебна средба, двајцата премиери освен за ЕУ разговарале и за имплементацијата на Преспанскиот договор, за отворањето на нови гранични премини, како и за надминување на разликите околу трговските марки. 
„Многу ми е драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за конечно да го добие датумот за преговори. Премиерот ми образложи детално кои се неговите активности, кои се неговите планови, и како да ги направи да ни бидат од помош“, изјави Заев.
Според грчките медиуми, Мицотакис ја апострофирал важноста на почитувањето на Преспанскиот договор како услов за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Мицотакис ја потврдил поддршката за земјите од Западниот Балкан на патот кон ЕУ, оценувајќи дека тоа ќе ги зајакне мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, пренесува весникот Катимерини.

 

DW.COM

Реклама