И Западот сноси вина за Алепо | Свет | DW | 30.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

И Западот сноси вина за Алепо

Дали освојувањето на Алепо ќе значи и конечна победа за Асад? Нема, смета уредникот на онлајн редакцијата на арапски јазик на ДВ, Рајнер Золих.

Нема воено решение за Сирија, веќе со години предупредуваат западните политичари. Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот штитеник Башар ал Асад и нивните ирански и либански сојузници на тоа гледаат поинаку: по систематското изгладнување и константното бомбардирање на источно Алепо, силите на режимот и неговите сојузници заштитници сега го освојуваат и последното упориште на бунтовниците во таа поранешна метропола. Кон судбината на луѓето се рамнодушни, ги интересира единствено воена победа и да го понижат непријателот.

А што прават за тоа време САД и ЕУ? Практично ништо. Запад опоменува и осудува, свикува конференции и донесува резолуции- но во суштина само набљудува. Претстоечкиот пад на Алепо претставува само уште еден политички и морален банкрот на западната политика во Сирија. Затоа речиси се смешни проценките оти Путин и Асад го користат вакуумот кој се создаде поради претседателските избори во САД. Ним тоа воопшто и не им е потребно. Не стана Барак Обама „парализирана патка“ во Сирија дури по изборниот успех на Доналд Трамп. Тој секогаш бил тоа.

Вакуумот во САД не игра никаква улога

Обама не сакаше да направи во Сирија повторно фатална грешка каква што неговиот предходник Џорџ Буш направи во Ирак. Поради таквиот, наводно пацифистички пристап, Обама, но и цел Запад, сносат дел од вината за трагедијата во Сирија. Тоа е она што ги охрабри, пред сѐ Русија и Иран, но и надворешно-политички сѐ понедоверливите американски сојузници како што се Саудиска Арабија и Турција, Сирија, поради сопствените интереси, да ја претворат во верска и етничка кланица.

Sollich Rainer Kommentarbild App

Рајнер Золих

И покрај најновите случувања, излезот од сириската спирала на омраза и насилство истотака е далеку, како и некакво политичко или воено „решение“. Кога Асад во целост ќе ја поврати контролата над Алепо, тоа навистина ќе биде силна и симболична демонстрација на моќ на режимот, која ќе покаже дека тој цврсто стои под заштита на Русија и оти не може да биде соборен. Но умерените, како и радикалните бунтовници, ќе продолжат да се борат во руралните области , а и натаму да пронаоѓаат сојузници меѓу сунитите кои ќе ги вооружаат. Истотака, и понатаму би требало да се смета на терористите од т.н. Исламска држава- и тоа не само затоа што Москва и Дамаск, иако тоа го прокламираа, досега сериозно не ѝ се спротиставија.

Воен злосторник останува на власт

Трагедијата во Алепо е само потврда на она што е одамна познато: Башар ал Асад, можеби најголемиот воен злосторник на денешницата, ќе остане на власт сѐ додека Русија и Иран не го пуштат низ вода. И сѐ додека САД само мирно набљудуваат. Но Асад не може да ја смири Сирија- дури ни ако Доналд Трамп, како што стравува сириската опозиција, постигне некаков договор со Путин. Убивањето продолжува.

Гледај видео 01:01

Алепо- град на духови

 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама