И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прогласија победа | Северна Македонија | DW | 21.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прогласија победа

Според ДИК, со обработени 96,92 отсто гласачки места, Река има 10, 43 отсто од гласовите, Сиљановска 42,55, а Пендаровски 42,68 отсто.

Власта и опозицијата вечерва прогласија победа. Таа порака прво стигна од опозицискиот кампус.

„Победивме“, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ги победивме, но не целосно ги поразивме. Затоа е неопходен вториот круг. Доаѓа правдата за Македонија. Од денес Македонија има нова реалност. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот наспроти однародената власт предводена од Зоран Заев и СДСМ. Власта е делегитимирана. Почна падот на Зоран Заев. Секој треба да е свесен за тоа. Македонската пролет доаѓа. Цело Скопје е вмровски град. Гордана е идниот претседател на Македонија. Ајде сите да се обединиме во вториот круг околу идниот претседател Гордана Сиљановска Давкова", изјави Мицкоски и ги наброи градовите и општините во кои Сиљановска Давкова го освои мнозинството гласови.

Сиљановска им се заблагодари на сите граѓани и вети дека ќе остане посветена на правото и правдата за Македонија. Таа рече дека заедно со кандидатот Блерим Река, опозицијата успеала да обезбеди предност од околу 70 илјади гласови.

Nord-Mazedonien Präsidentschaftswahlen Gordana Siljanovska Davkova (DW/P. Stojanovski)

Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ се задоволни од резултатите и најавуваат „македонска пролет“

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, исто така прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг. Тој рече дека од 98,27 отсто пребројани гласови, Пендаровски освоил 321.201, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, 316.872, а кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците, Блерим Река, 79.169 гласа. Според овие првични неофицијални резултати, Пендаровски освоил 4.300 гласа повеќе од Сиљановска-Давкова.

„На овие избори и во првиот и во вториот круг се одлучува дали ќе продолжиме напред. Во вториот круг ќе се спротивстават два целосно спротивни концепта. Прогресивниот концепт на Стево и концептот на Силјановска, кој е деструктивен. Знам дека во вториот круг уште посилно граѓаните ќе го поддржат напредокот", рече Заев.

Пендаровски се заблагодари за мнозинската поддршка уште во првиот круг.

„Води концептот 'заедно' и ќе победи на 5-ти мај. Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред", рече тој.

Nord-Mazedonien Präsidentschaftswahlen - Stevo Pendarovski, Präsidentschaftskandidat des Regierungsbündnis SDSM-DUI (P. Stojanovski)

Пендаровски и Заев се уверени дека ќе победи концептот „Заедно“

На последната прес-конференција на ДИК, беше соопштено дека по обработени 96,92 отсто гласачки места, Река има 10, 43 отсто, Сиљановска 42,55, а Пендаровски 42,68 отсто од гласовите.

Останува  ДИК да ги преброи податоците од преостанати 3 отсто од избирачките места, но јасно е кои двајца кандидати ќе влезат во изборна трка во вториот круг.

Реклама