И братот му го сврте грбот на Борис Џонсон | Свет | DW | 05.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

И братот му го сврте грбот на Борис Џонсон

Помладиот брат на британскиот премиер, Џо Џонсон денеска поднесе оставка на функцијата во министерството за образование. Тој соопшти дека бил растргнат меѓу семејството и националниот интерес

Boris Johnson und Jo Johnson

Борис Џонсон и Џо Џонсон

Џо Џонсон поднесе оставка на функција во британското министерство како и во британскиот парламент, поради растргнатост меѓу лојалноста кон семејството и националните интереси.
Неговата оставка се случува само неколку дена откако премиерот, неговиот брат Борис Џонсон, исфрли 21 пратеник од Конзервативната партија затоа што одбија да ја поддржат неговата стратегија за Брегзит. Меѓу нив беа и внукот на Винстон Черчил и двајца поранешни министри за финансии.
Од преземањето на партиското кормило во јули, Борис Џонсон се обидува да ја стави под контрола Конзервативната партија која е длабоко поделена во однос на Брегзит, и неговата стратегија, да се напушти ЕУ со или без договор на 31 октомври.
47-годишниот Џо Џонсон претходно јавно даде поддршка за втор референдум за иднината на Велика Британија во ЕУ, но прифати функција како министер откако неговиот брат стана премиер.

„Последниве недели бев растргнат меѓу семејната лојалност и националниот интерес- тоа е нерешлива тензија и време некој друг да ги преземе моите функции како парламентарец и министер“, соопшти Џо Џонсон, кој е пратеник во парламентот од 2010 година.

Се очекува следниот чекор на премиерот Џонсон да биде свикување на предвремени парламентарни избори, откако го загуби мнозинството во парламентот.