Светската банка денеска соопшти, поради новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста наречена Ковид-19 и кој се прошири во повеќе од 60 земји, дека става на располагање иницијален пакет од 12 милијарди американски долари како непосредна поддршка за земјите кои имаат проблем со здравствени и економски последици од избивањето на вирусот во светот. Тоа е помош за земјите членки на Светската банка „во преземање на ефикасни акции како одговор на, или таму каде што е можно, да се намалат трагични последици од коронавирусот“, пишува во соопштението.
Низ овој нов пакет на помош по забрзана процедура, Светската банка ќе им помогне на земјите во развој да ги зајакнат здравствените системи, вклучувајќи и подобар пристап до здравствените услуги за да се заштитат луѓето од епидемија, да се зајакне следењето на болеста, да се унапредат интервенции во рамки на јавното здравје, како и да се работи со приватниот сектор на заедничко намалување на влијанието врз економијата. „Работиме на обезбедување брз и ефикасен одговор заснован на потребите на земјите во развој кои се соочени со ширење на вирусот“, изјави претседателот на Групата Светска банка, Дејвид Малпас.
-
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Глобално влијание
Епидемијата на коронавирусот создава последици за меѓународните културни настани. Уметничкиот саем „Арт Базел Хонг Конг“ е откажан. Кина го намали своето учество на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин. Исто така, беше откажан и новогодишниот концерт на кинеската национална опера во Берлин, музичарите и изведувачите не смееја да заминат од земјата поради кризата со коронавирусот.
-
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Затворено за туристите
Вообичаено, голем број туристи се шетаат низ Забранетиот град. Сега, овој турист ја има само за себе Империјалната палата во Пекинг. Таа е изградена од 1420 до 1644 година, се смета за архитектонско ремек-дело, а од 1987 година е дел од светско наследство на УНЕСКО. Првично бил седиште на династијата Минг, а подоцна и на династијата Кинг, и таму живееле императорот и неговите дворјани.
-
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Туристичките атракции на чекање
Дизниленд во Шангај засега ги затвори вратите кон Волшебното кралство. Избувнувањето на коронавирусот се засили на почетокот на кинеската Нова година. Последователните карантини и патни ограничувања предизвикаа да пропадне годишниот прилив од патувањата за одмор во и до Кина. Минатата година индустријата пријави промет од 71,5 милијарди евра само за време на еднонеделните празници.
-
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Нема пристап
Во борбата против коронавирусот, кинеските власти не се двоумеа да ги затвораат и историските знаменитости. Делови од Големиот ѕид во Кина, моќниот симбол на земјата, се затворени. Делот од ѕидот во Бадалинг, северен Пекинг (на фотографијата горе), кој е многу популарен кај туристите, е затворен. Затворени се и гробниците на династијата Минг и на пагодата Јиншан.
-
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Танцот на змејот
Пролетта 2019 во Шенјанг: Танчерска група го изведува танцот на змејот по повод фестивалот Лонгтаиту, кога Кина го прославува вториот ден од вториот месец во кинескиот лунарен календар. Познат е како „денот кога змејот ја крева главата“, а земјата и природата ја повраќаат силата. Годинава, тој паѓа на 24 февруари, но епидемијата од коронавирусот би можела да ги спречи славеничките манифестации.
Автор: Штефан Деге
Поддршката од Светската банка ќе започне низ интервенции наменети за зајакнување на здравствените услуги и примарна здравствена заштита, унапредување на следењето и известувањето за болеста, обука за здравствените работници на првата линија, поддршка за ангажирање на зедниците да се одржи довербата во јавноста, и подобар пристап за лечење на најсиромашните пациенти.
Повеќе на темата:
-Пандемија или епидемија? На вирусот тоа му е сеедно!
-Коронавирус- рецепт за нова глобална нестабилност
-Колкава е заканата од коронавирусот во Европа?
„Земјите се соочуваат со различен степен на ризик и на осетливост од коронавирусот, и ќе им биде неопходен и различен вид поддршка. Поддршката од Групата Светска банка ќе им даде приоритет на најсиромашните земји и на оние со висок ризик, а со пониски капацитети“, наведе Светската банка и најави дека, како што се шири новиот коронавирус и неговите последици, ќе ги прилагодува својот пристап и средствата по потреба.
Откажано пролетното заседание
Само неколку часа претходно, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го откажаа своето редовно годишно пролетно заседание во САД, токму поради новиот вирус. Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева и шефот на Светска банка Малпас, изјавија дека целта е да се гарантира здравјето и безбедноста на учесниците од земјите членки и на вработените. Заседанието, првично планирано за средината на април во седиштето на организациите во Вашингтон, сега треба да се одржи во „виртуелен формат“. Организациите велат дека дигиталните можности треба да бидат целосно искористени за да се овозможи консултација со земјите членки. На заседанието вообичаено присуствуваат банкари, министри за финансии, високи функционери од целиот свет и претставници на централните банки.
Здравјето на луѓето поважно од економските интереси
Епидемијата на коронавирусот драматично ги погодува стопанствата на погодените земји. Така во Германија последно во редот откажувања или одложувања на големи манифестации беше она на Индустрискиот саем во Хановер, еден од најголемите од таков вид во светот. Организаторите денеска соопштија дека саемот кој требаше да се одржи од 20. до 24. април годинава се одложува се одлoжува за периодот од 13. до 17. јули. На саемот е планирано учество на 6000 изложувачи од 70 земји. „Здравјето е највисок приоритет“, образложија организаторите.
Во слична насока денеска во владината изјава за епидемијата на коронавирусот пред Бундестагот одеа и забелешките на германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Тој , меѓудругото истакна дека заштитата на луѓето е поважна од економските интереси.
„Нашата стратегија е да го забавиме и оневозможиме ширењето на коронавирусот во Германија, поради што ќе откажуваме и одредени јавни настани. Наш став е деха безбедноста на луѓето е поважна од сѐ, па и од економските интереси“, рече Шпан.
Во Германија досега се забележани 244 случаи на коронавирус, 41 од нив во последните 24 часа, така што може да се говори за значително зголемување на инфекциите. Во земјата досега нема смртни случаи меѓу заболените.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Таи ваи
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
-
Алтернативни поздрави во време на пандемија
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.