Италија: трескавична потрага по преживеани во земјотресот | Свет | DW | 24.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Италија: трескавична потрага по преживеани во земјотресот

Земјотрес со јачина од 6,2 уништи повеќе планински места во централна Италија, оставајќи зад себе најмалку 18 жртви и десетици повредени и исчезнати. Спасувачките служби во трескавична потрага по преживеани и затрупани.

Голем број домови се целосно уништени во областите каде што беше епицентарот на земјотресот, во регионите Марке, Умбрија и Лацио.
Локалните жители и спасувачките служби се борат да ги спасат оние кои останаа затрупани под урнатините. Ова е најсилниот земјотрес во Италија од 2009 година, кога 300 луѓе загинаа во земјотресот кој го погоди градчето Аквила.

Italien Erdbeben Amatrice

Уништени домови во Аматриче

„Состојбата е драматична, има многу мртви“, изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Пироци. „Половина село е исчезнато“.

Силината на земјотресот била почуствувана и во 150 километри оддалечениот Рим, каде претпладнево папата Франциско ја прекина утринската миса за да изрази сочувство до настраданите.

Гледај видео 00:45
Now live
00:45 минути

Италија: земјотресот разурна цели населби

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама