Италија се збогува со жртвите | Свет | DW | 27.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Италија се збогува со жртвите

Ден на жалост во Италија - земјата се простува од загинатите во земјотресот со комеморација во катедралата во Асколи Пичено. Спасувачите сѐ уште трагаат по преживеани.

Три дена по тешкиот земјотрес кој ја погоди Италија, во Асколи Пичено се одржа комеморација за жртвите. Меѓу присутните беа и претседателот на државата Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци. Сите знамиња на јавните објекти во земјата се на половина копје.

Во земјотресот загинаа повеќе од 280 луѓе, од кои најмалку 220 во местото Аматриче. Во ова место ќе има посебна комеморација во вторник, на која исто така е најавено присуство на премиерот Ренци. Комеморацијата најверојатно ќе се одржи под отворено небо, со оглед на тоа што во Аматриче веќе нема ниту една црква. Градоначалникот на Аматриче Серџо Пироци изјави дека и покрај тоа што нема црква, загинатите имаат право да бидат закопани во својата општина. Тој е уверен дека местото повторно ќе се изгради. „Ако граѓаните не заминат, нема да замине ниту градоначалникот. Градоначалникот денеска на Италија, светот и пред сѐ на Аматриче им порачува: ние остануваме овде, зашто нема ноќ која е толку долга што на сонцето ќе му забрани за изгрее. Сигурен сум дека Аматриче повторно ќе воскресне.“

Italien Erdbeben Amatrice Retter zwischen Trümmern

Спасувачите сѐ уште не губат надеж

Дел од загинатите во земјотресот сѐ уште не се идентификувани. Освен тоа, повредени се околу 400 лица, а најмалку 2500 останаа без покрив над главата. До денеска нема официјален број на лица кои се водат како исчезнати. Спасувачките екипи сѐ уште не губат надеж и и натаму трагаат по преживеани. Досега од под урнатините живи беа извлечени повеќе од 230 луѓе.

DW.COM

Реклама