Италија ги затвора и фабриките откако во еден ден починаа 800 луѓе од коронавирус | Свет | DW | 21.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Италија ги затвора и фабриките откако во еден ден починаа 800 луѓе од коронавирус

Италијанската влада одлучи да ги затвори сите несуштински производствени активности поради пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва премиерот Џузепе Конте.

Во Италија денеска беа регистрирани нови, речиси 800 смртни случаи од коронавирусот, а епидемијата не покажува знаци на успорување и покрај стриктниот полициски час низ целата земја.
Надлежните соопштија дека бројот на жртви од Ковид-19 достигнал 4.825 луѓе, раст од 793 случаи во еден ден.

Премиерот Конте вечерва најави дека ќе бидат затворени сите производствени капацитети освен оние кои се „неопходни, основни и клучни за гарантирање на основните добра“ за земјата. Конте оцени дека Италија минува низ најтешката криза од Втората светска војна. Супермаркетите и аптеките, засега, остануваат отворени, но Конте не наведе точно што се ќе се затвора. Земјата е во карантин речиси две недели. 
Италијанската економија со години е во стагнација, и голем е стравот дека најновата мерка драматично ќе ја влоши економската криза во земјата.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама