Италијански екстремисти криеле проектил воздух-воздух | Свет | DW | 16.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Италијански екстремисти криеле проектил воздух-воздух

Италијанската полиција во текот на претресите кај десничарски екстремисти открила вистински воен арсенал. Покрај разни видови оружје и муниција запленета е и ракета од типот воздух-воздух

Италијанската полиција соопшти дека запленила вистински воен арсенал, вклучувајќи и една ракета воздух-воздух и околу 20 современи пушки за време на рација во домовите на симпатизери на екстремната десница на северот од земјата.

Оваа антитерористичка операција беше наменета против Италијанците со „екстремна идеологија“ кои се бореле на страната на проруските бунтовници против украинските сили на безбедност во источна Украина.

Гледај видео 01:09

Ракета воздух-воздух запленета во Италија

„За време на операцијата е запленета ракета воздух-воздух во одлична состојба, а која ја користела војската на Катар“, наведе полицијата и додаде дека се пронајдени околу 20 современи парчиња оружје, меѓу кои има автоматски пушки од последната генерација, како и муниција и неонацистички пропаганден материјал.

Полицијата уапси три лица, Фабио дел Берџола, поранешен кандидат на една изборна листа на неонацистичката група Нова сила (Forza Nuova), еден Швајцарец и еден Италијанец, кој е осомничен дека сакал да ја продаде ракетата.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама