Италијански дизајнер освојува со златни чевли | Панорама | DW | 18.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Италијански дизајнер освојува со златни чевли

Италија е позната по тестенините, сладоледот, дизајнерската облека и чевлите, кои мора да бидат издржливи, комотни и пред сѐ - модерни. Но, тоа сега се чини не е доволно.

Тие го немаат „она нешто“ во себе, туку на себе. Чевлите со 24-каратно злато се достојни и за еден крал. Исто како и цената. Чинат од 30.000 евра нагоре. Колекцијата е дизајнирана од поранешниот вработен на берза - Антонио Виетри.

„Сите мои муштерии се познати личности кои се многу воздржани. Доаѓаат главно од Средниот Исток - Саудиска Арабија, Катар и Оман. Постојано го проширувам бизнисот. Има голема побарувачка од азискиот пазар, пред сѐ Шангај, како и од Русија и САД“, вели Виетри.

Колекцијата „Виетри“ доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што италијанската чевларска индустрија бележи пад. Фирмите во изминатата година произвеле 2 процента помалку чевли, пред сѐ поради послабата побарувачка дома. Извозот е останат отприлика ист.

Чевлите на Виетри се уникати. Тенката златна фолија е испреплетена со кожа. На крајот на месецов Виетри во Дубаи ќе ја претстави својата нова „златна“ колекција, овојпат за жени.

Гледај видео 01:27

Златни чевли од Италија

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама