Италијанска хуманитарка киднапирана во Кенија | Свет | DW | 21.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Италијанска хуманитарка киднапирана во Кенија

Вооружени лица киднапирале една Италијанка која работи за хуманитарна организација во крајбрежниот дел на Кенија и во нападот раниле неколку лица.

Како што соопшти шефот на полиција во регионот Килиfи,  Џозеф Боинет, нападот се случил синоќа околу 20 часот во трговскиот центар во местото Чакама. Напаѓачите, кои од огнено оружје пукале неселективно врз посетителите  раниле пет лица.

Боинет наведе дека притоа е киднапирана 23-годишна Италијанка која работи како волонтер во една хуманитарна организација на југоистокот на Кенија. Мотивот за нападот во моментот не е познат, како ни идентитетот на напаѓачите, изјави тој.

Полицијата наведе оти инцидентот го смета за терористички напад.

Исламските екстремисти од Сомалија и претходно беа обвинувани за низа киднапирања на странци долж кенискиот брег. Поради напади и киднапирања на странци Кенија во 2011 година испрати војска во Сомалија да се бори против екстремистичката група Ал Шабаб.

Реклама