Авион од моделот Боинг 737-500, кратко по полетувањето од аеродромот од Џакарта, на лет кон Понтијак, на островот Борнео, попладнето по локално време исчезнал од радарите, соопшти индонезиското Министерство за сообраќај. Претходно авионот, според веб-страницата ФлајтРадар24, драматично губел височина, четири минути по полетувањето загубил 3.000 метри. Боингот 757 бил стар 27 години, а ТВ Метро објави дека во него се наоѓале 65 патници, меѓу кои и седум деца и шест членови на екипажот.
Претставник на индонезиската агенција за спасување изјавил дека рибари нашле метални делови во морето близу островот Јава, но не е потврдено дали тие потекнуваат од исчезнатиот авион.
Нискобуџетната авиокомпанија СривиџајаЕр, основана во 2003 година, во својата флота има само авиони Боинг 737, располага со 18 машини од сериите 737-500, 737-800 и 737-900 ЕР.
Во октомври во Индонезија се случи тешка авионска несреќа во која животот го загубија 189 луѓе, кога авион Боинг 737 Макс на Лајон Ер се урна непосредно по полетувањето. Овој пад, како и еден натамошен во Етиопија, доведоа до забрана за летање на авионите 737 Макс и казна од милијарди долари за Боинг поради затајување информации околу софтверски безбедносни проблеми пред надзорните власти.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Мал лесен, речиси без штетни емисии на гасови
Авионите кои користат електрична енергија од обновливи извори на енергија, не емитуваат ЦО2 и азотни оксиди, ни фина прашина. Во целина, електро-авионите треба да станат помали, полесни и поефикасни од авионите на керозински погон, на пример како Алфа електро од словенечката старт ап фирма Пипистрел, кој веќе го освои небото.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Електричен „летечки автобус“
Авионите на електричен погон главно треба да бидат ангажирани во регионалниот сообраќај. Израелската старт ап фирма Евиацион планира револуционирање на меѓуградскиот превоз со својот авион со 9 седишта. Прототипот Алис може да развие брзина од 100 км/час, а во 2019. година би требало да го има својот прв пробен лет.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Летечко такси
Летечкото такси на германското претпријатие Лилиум веќе го имаше својот промотивен лет. Тоа стартуваше во април 2017. година и тоа - вертикално. Опремено е со пет седишта и е целосно на електричен погон, достигнува до 300 километри, од Лондон до Париз стигнува за еден час. Авионското такси некогаш треба да може да се порача преку апликација и да не чини повеќе од нормално такси-возење.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Мешавина - класичен и електричен
Одделни авионски производители напротив се концентрираат на хибриди. Ербас, Ролс Ројс и Сименс заеднички развиваат прототип на комерцијален авион, т.н. e-Fan X, опремен со три гасни турбини и електромотор. Во перспектива уште една гасна турбина треба да биде заменета со електромотор. Првиот прототип треба да полета во 2020. година.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Еколошко патување на одмор
Нискобуџетната авиокомпанија Изиџет сака исто така да овозможи еколошко патување. Во септември 2017. година британската фирма објави соработка на овој план со американскиот старт ап Рајт електрик. Целта е создавање целосно електричен авион кој би превезувал до 150 патници. Кога ќе биде готов резултатот, не е познато.
-
Какви ќе бидат авионите во иднина?
Електрична иднина
Според експертите, со првите електро-авиони би можеле да летаме за 20 години. Досегашните прототипови имаат досег од 250 до 1.000 километри. Но, технологијата брзо напредува, што е добра вест за еколошки свесните патници.
Автор: Катарина Векер