Исцрпената Меркел | Свет | DW | 07.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исцрпената Меркел

По нејзиниот реизбор на чело на ЦДУ на партискиот конгрес, Ангела Меркел го потврди продолжувањето на досегашниот курс. Ни трага од нов почеток.

Практично, ова е почеток на изборната кампања за сојузните парламентарни избори во Германија во 2017 година. Ангела Меркел сака да ја мотивира својата партија, ЦДУ. Но, сјајот веќе го нема. Нејзиниот говор беше премногу фрагментиран, развлечен. Базата ѝ го кажа своето мислење преку резултатот од гласањето за челната партиска позиција. Меркел доби 89,5 проценти од гласовите, седум проценти помалку отколку во 2014 година. Секој десетти делегат гласал со „не“, и тоа на десет месеци пред изборите за Бундестагот. (Патем, 52 делегати воопшто не гласале, без оглед што станува збор за најважното изјаснување на партискиот собир.)

Меркел изгледаше исцрпено уште на почетокот на нејзиниот речиси 80-минутен говор, долго пред гласањето. Причината можеби е настинка. Но, Тоа се вклопуваше во општото расположение на партискиот собир. Се тврди, во базата владее џагор. Притоа, сите на собирот високо ги ценат постигнувањата на Меркел како канцеларка, барем пред нејзината одлука во врска со бегалците летото 2015 година.

Најсилното бодрење, најодушевениот аплауз Меркел го доби за изјаснувањето за забрана на бурката,за определбата против популистичката омраза, исламизмот и паралелните општества. Тоа погодува на расположението во базата, која веќе не е целосно нејзина база. Така некако почна и кај Хелмут Кол, кого таа своевремено го собори, а сега дури двапати го спомена.

Strack Christoph Kommentarbild App

Кристоф Штрак

Нејзината најсилна страна - спомените

Најсилниот сегмент од нејзиниот говор беа спомените на времето на промени. Меркел раскажа како од науката преминала во политика, кратко била во СПД, а потоа стигнала во ЦДУ. Тука нејзиниот глас звучеше поинаку. Овие сеќавања досега не се изнесени. Делегатите внимателно ја слушаа, а тогаш дојде моментот кога обично дистанцираната и ладна канцеларка директно им се обрати: „Морате да ми помогнете!“

Без оглед на овие пасажи, без оглед на демонстративно долгиот аплауз, овој говор заостанува зад оној одржан на партискиот собир во Карлсруе во 2015 година. Дури и зад нејзиниот настап и највата за канцеларска кандидатура пред две недели во Берлин.

Можеби зачестуваат паралелите со поранешниот канцелар Хелмут Кол. Во 1994 година тој исто така четврти пат се кандидираше за канцелар, предводејќи истоштена партија, во која одушевувањето постоеше само кај генерацијата на Кол.

Меркел и партијата овојпат не се преобразија. Можеби Меркел не го ни сака тоа, можеби сака да го негува и натаму старото препознатливо јадро, од кое неодамна отстапи. Можеби промените ѝ беа пречести. Но, од нејзиниот најважен говор  во последните месеци, остана впечатокот - „се продолжува по старо“. Дали е тоа доволно? За изборна битка која ќе биде мачна, најтешка по германското обединување? По партискиот собир во Есен ова прашање останува. И станува сѐ поочигледно.

 

DW.COM

Реклама