Истрага: Ким Јонг Нам убиен со нервен гас | Свет | DW | 24.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Истрага: Ким Јонг Нам убиен со нервен гас

Важи за еден од најсилните нервни гасови: боениот отров VX. По обдукцијата на телото на Ким Јонг Нам е утврдено дека полубратот на севернокорејскиот лидер пред десет дена е убиен токму со овој отров.

Полубратот на Ким Јонг Ун, дисидентот Ким Јонг Нам, е убиен со забранет отровен нервен гас, соопштија претставници на истрагата во Малезија. Токсиколошките наоди покажуваат оти Ким Јонг Нам е нападнат со нервниот гас „VX“ кој Обединетите нации го класифицираа како оружје за масовно уништување, а траги од отровната супстанција се пронајдени на неговите лице и очи.

„Прелиминарните резултати од токсиколошката анализа покажуваат дека причина за смрта на Ким Јонг Нам е труење со нервен гас“, изјави директорот на малезиската полиција Калид Абу Бакар.

Тој наведе оти првоосомничените две жени кои разговарале со полубратот на севернокорејскиот лидер на аеродромот и се обиделе да му го избришат лицето, подоцна се разболеле. Бакар рече дека полицијата испитува како смртоносниот нервен гас е донесен во Малезија.

Објавувањето отвора бројни прашања за безбедноста во зградата на аеродромот која властите во Малезија не ја деконтаминирале дури 11 дена.

Гледај видео 00:43

Како е убиен полубратот на лидерот на Северна Кореја

Постои сомнеж дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун стои зад нападот на својот полубрат. Ким Јонг Нам, постариот полубрат на севернокорејскиот лидер, умре минатата недела на аеродромот во Куала Лумпур.

Малезиските власти претходно соопштија оти тој најверојатно бил отруен. Полицијата во Куала Лумпур досега уапси 4 лица поради сомнеж дека се поврзани со убиството.

Малезиските власти одбија да го предадат неговото тело на Северна Кореа и направија две обдукции, тврдејќи дека резултатите од првата биле нејасни, што предизвика тензии во односите меѓу двете земји.

Малезија тврди дека само ги почитува правните процедури, додека Пјонгјанг обвинува оти истрагата е политички мотивирана.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама