Историски скок без падобран | Панорама | DW | 01.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Историски скок без падобран

42-годишен скокач стана првиот човек во историјата кој извел скок без падобран. Тој слета во специјално поставена мрежа

Гледај видео 01:10
Now live
01:10 минути

Историски скок без падобран

По двеминутен слободен пад, Лук Ејкинс падна во стометарска мрежа која го амортизираше неговиот пад. Опасниот потфат беше пренесуван во живо на американската Фокс телевизија, но за малку воопшто немаше да се одржи. Имено, одговорните на програмата барале од Ејкинс во секој случај да носи падобран, на што тој се спротивставувал и размислувал да го откаже скокот. Одобрението за скок без падобран дошло во последен момент додека Ејкинс и екипата биле во авионот.

Ејкинс скокот го изведе со уште тројца падобранци кои имале задача да го снимаат летот и да се грижат за неговата безбедност.

USA Skydiver Luke Aikins

Луке Ејкинс

Ејкинс има над 18 илјади скокови со падобран во неговата кариера, а беше и член на екипата на Феликс Баумгартнер кој беше првиот човек кој ја проби брзината на звукот при скокот од височина од 30 километри кон Земјата во 2012 година.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама