Историски самит на лидерите на двете Кореи | Свет | DW | 27.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Историски самит на лидерите на двете Кореи

Лидерите на Северна и на Јужна Кореја се состанаа во пограничното место Панмунџом и заедно зачекорија на двете страни од границата. Очекувањата од историската средба се големи.

Кум Јонг Ун стори нешто што на неговите татко и дедо не им паѓаше на памет- зачекори на територијата на Јужна Кореја. Тој е прв севернокорејски лидер, кој го сторил тоа по крајот на војната пред 65 години. Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, држејќи се за раце, преминаа на двете страни од границата во местото Панмунџом, кое е познато како редовно одредише за контакти меѓу претставниците на двете Кореи.

Ким истакна дека е „исполнет со емоции“: „Сега почнува нова ера, ера на мирот“. Претседателот Мун пак рече дека Панмунџом сега станал „симбол на мирот, а не на поделбата“. Телевизиските снимки од средбата покажуваат посебно срдечно ракување меѓу двајцата лидери, држење за раце и широки насмевки.

Повеќе:

-Северна Кореја најави прекин на нуклеарните и ракетните тестови

-Двете Кореи: Промени преку приближување се можни

 

Гледај видео 00:55

Ким Јонг Ун на јужнокорејско тло

На првата сесија на разговорите во Куќата на мирот во пограничното место, според јужнокорејски извори станало збор за денуклеаризацијата и за долгорочен мир на Корејскиот полуостров. За крајот на самитот се подготвува заедничко соопштение, и се очекуваат изјави на Ким и на Мун.

На почетокот на јуни планирана е средба и меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун

Реклама