Иста услуга, различни цени - жените плаќаат повеќе од мажите | Економија | DW | 20.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Иста услуга, различни цени - жените плаќаат повеќе од мажите

Жените во Германија за иста услуга во многу случаи плаќаат повеќе од мажите - стои во денеска објавениот извештај на Канцеларијата за борба против дискрминација во Берлин.

Жените не само што за иста работа заработуваат помалку од мажите, туку и за многу услуги плаќаат повисока цена од мажите. Според извештајот објавен денеска од страна на Канцеларијата за борба против дискриминацијата, во 30% од услугите кои биле предмет на истражувањето, жените морале да платат повеќе пари за една иста услуга.

Разликите се особено видливи кај фризерските услуги и хемиското чистење: за потстрижување кратка коса жените во просек плаќаат 12,50 евра повеќе од мажите, а хемиско чистење на една женска блуза чини просечно 1,80 евра повеќе од чистење на машка кошула. Сојузот на фризери и Сојузот на вработени во чистењето текстил се правдаат со тоа дека за услугите кај жените е потребно да се вложи повеќе работа.

Кога станува збор за производи за нега, разликите во цените се многу поретки отколку кај услужните дејности, но во случаите каде што има разлика, повисоката цена ја плаќаат повторно жените. Од истражените производи, жените во 2,3% плаќаат повисока цена за ист производ, додека мажите плаќаат повисока цена во 1,4% од случаите.

Deutschland Friseurin (picture-alliance/dpa/C. Rehder)

Жените на фризер плаќаат во просек по 12,50 евра повеќе за иста услуга од мажите

Авторите на студијата направиле истражување на 1.682 производи и 381 услужни дејности. Раководителката на Канцеларијата за борба против дискриминацијата, Кристине Лидерс, на надлежните сојузи им препорачува самообврзување. Како пример може да послужи Австрија: „Таму Сојузот на фризери, заедно со адвокатите надлежни за прашања на рамноправноста, изработија урнек за полово-неутрални ценовници, што е добар пример“, препорача Лидерс во Берлин.

Реклама