Истанбул: Целен напад врз Германци? | Свет | DW | 13.01.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Истанбул: Целен напад врз Германци?

По нападот врз група германски туристи во Истанбул, соопштени се детали за идентитетот на загинатите, но и за атентаторот. Рускиот Генерален конзулат потврди дека во Анталија за наводни врски со ИД се уапсени тројца Руси

Германските власти соопштија дека петмина од осумте загинати Германци во нападот во Истанбул се од покраините Рајнланд Пфалц и Бранденбург, а еден од Хесен. Меѓу нив има една брачна двојка од Мајнц и еден маж од Бад Кројцнах, чија сопруга е тешко повредена. Освен тоа, според наводи на властите, меѓу загинатите е и една брачна двојка од Бранденбург. Жртвите биле дел од групата туристи кои патувале низ три земји, во организација на берлинската агенција „Лебенслуст“. Деветмина други туристи од Бранденбург се делумно тешко повредени. Во атентатот кој се случи вчера попладне пред Сината џамија во Истанбул загинаа десет лица и атентаторот, а 15-мина се повредени. Арапскиот дневен весник „Ал Хајат“, повикувајќи се на изјави на портпарол на саудиското Министерство за внатрешни работи, пишува дека атентаторот Набил Фадли потекнувал од Саудиска Арабија. Тој бил роден во кралството, а земјата заедно со семејството ја напуштил уште во 1996 година, на возраст од 8 години. Давесет и седумгодишниот Фадли имал сириско државјанство.

Уапсени тројца Руси

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган непосредно по нападот во Истанбул изјави дека „атентаторот самоубиец имал сириско потекло“. Според турската влада атентаторот бил поврзан со ИД и неодамна од Сирија допатувал во Турција.

Во меѓувреме, рускиот Генерален конзулат во Анталија ги потврди извештаите дека туркакта полиција уапсила тројца руски државјани поради наводни врски со ИД. Полицијата во нивното сместувалиште во Анталија запленила и голем број документи и ЦД-а, јави агенцијата Доган.

Нападот бил насочен против германски туристи?

Експертите сметаат дека е веројатно атентаторот да имал врски со ИД. Гинтер Зојферт од фондацијата Наука и политика за АРД рече дека смета оти верзијата за ИД-атентатор е веродостојна. Слично е мислењето на експертот за тероризам Петер Нојман. Нејасно меѓутоа е дали нападот бил целно насочен против Германци. Според Нојман, атентатот бил повеќе наменет на странски туристи, отколку исклучиво на германски. Освен тоа, нападот е знак дека ИД во меѓувреме ја смета Турција за „активен непријател“. Сепак, досега ИД нема преземено одговорност за нападот во Истанбул. Агенцијата ДПА јави дека и германската влада нема информации оти нспадот бил целно насочен против Германци.

Türkei Anschlag in Istanbul Aufnahme eines Touristen

Снимка во моментот на нападот што ја направил еден турист пред Сината џамија

„Непријатели на сите слободни луѓе“

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди нападот. „Терористите се непријатели на сите слободни луѓе, да тие се непријатели на цело човештво“, рече таа. „Меѓутоа, токму оваа слобода и нашата решителност да преземаме мерки против овие терористи заедно со нашите меѓунардни партнери, ќе победат.“

Министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер зборуваше за „часови на тага, бес и згрозеност“. „Со години теророт не нѐ погодил толку силно нас Германците, како денеска во Истанбул“, рече тој.

Министерот за вантрешни работи Томас де Мезие изутринава отпатува за Истанбул, каде ќе го посети местото на нападот и ќе има средба со својот турски колега Ефкан Ала.

Бесплатно сторнирање на патувања

По нападот во Истанбул повеќе германски туристички оператори на своите муштерии им оставија можност за бесплатно сторнирање на планираните патувања во Турција. Секоја година во оваа земја патуваат околу 4 милиони Германци. „Оваа 2016 година можеме да ја заборавиме“, цитираат локалните медиуми еден турски претприемач од сферата на туризмот. Германското Министерство за надворешни работи ги промени насоките за патување во Турција и на туристите им препорачува да избегнуваат големи групи луѓе.

Реклама