Исланд официјално ја призна палестинската држава | Свет | DW | 15.12.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Исланд официјално ја призна палестинската држава

Малата островска земја стана првата западноевропска држава која официјално ја призна независната палестинска држава. Тоа беше сторено денеска (15.12) на официјална церемонија во главниот град на Исланд, Рејкјавик.

default

Исланд официјално ја призна палестинската држава. „Ова е денот кога официјално ви ја предавам декларацијата за признавање на независноста на
Палестина, во согласност со желбата на исландскиот парламент“, рече министерот за надворешни работи на Исланд, Осур Скарпеинсон, обраќајќи му се на својот
палестински колега, Ријад ал-Малки, на официјалната церемонија што се одржа во Културниот центар во Рејкјавик.

Исландскиот парламент на 29 ноември донесе одлука за признавање на Палестина во рамките на границите од 1967 година пред т.н. Шестдневна војна меѓу Израел и арапските држави.

Frankreich Gebäude in Paris Unesco droht Austritt der USA Palästinenser aufgenommen

Седиштето на УНЕСКО во Париз

Признавањето од страна на Исланд доаѓа само два дена откако палестинското знаме беше подигнато пред седиштето на УНЕСКО во Париз на церемонија на која присуствуваше претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Тој истакна дека приемот на Палестина во Организацијата за образование наука и култура на ОН е историски чин за неговиот народ.

Признавањето од Исланд и приемот во УНЕСКО меѓутоа нема да имаат влијание врз барањето на Палестинците за полноправно членство во Светската Организација. За тоа им се потребни 9 гласа од 15-те земји членки на Советот за безбедност. САД меѓутоа одамна предупредија дека со вето ќе го блокираат ваквото барање.

Палестина досега ја признале над 100 држави, а од Европската унија тоа го
сториле Чешка, Полска, Унгарија и Малта.

Автор:СН/ЖА/ртр/мф

Редактор Жана Ацеска