„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Берлин | Свет | DW | 20.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот во Берлин

Терористичката група тврди дека е одговорна за смртоносниот напад врз божикниот пазар во Берлин во понеделникot. Властите предупредуваат дека напаѓачот е се уште во бегство

Терористичката организација „Исламска држава“ преку соопштение ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 12 лица, а 48 беа повредени. Преку својата новинска агенција „Амак“, „Исламската држава“ тврди дека возачот на камионот кој предизвика масакр во Берлин целел кон „граѓани на крстоносната коалиција“. 

Deutschland Sicherheit Polizist auf Weihnachtsmarkt (Getty Images/AFP/O. Andersen)

Низ целата земја се зајакнати безбедносните мерки.


Претходно, германското обвинителство го ослободи од притвор 23-годишниот Пакистанец кој беше првоосомничен како сторител на нападот поради недостаток на докази. 
Вечерва, откако беше објавено дека осомничениот е ослободен, германскиот министер за внатрешни работи за вториот канал на јавниот сервис изјави дека „сторителот веројатно се уште е на слобода“. Тој предупреди и дека е прерано да се извлекуваат политички заклучоци од инцидентот. 

Deutschland LKW nach dem Anschlag am Breitscheidplatz in Berlin (Reuters/H. Hanschke)

Камионот со кој беше извршен масакрот.


Претходно и шефот на берлинската полиција потврди дека уапсениот Пакистанец веројатно не е напаѓачот. 
„Имаме погрешен човек и оттука и нова ситуација. Вистинскиот напаѓач е се уште вооружен, на слобода и може да предизвика уште проблеми“. 

DW.COM

Реклама