1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Nordmazedonien Fällenden Bäumen im Zentrum von Skopje
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Исечен еден од најубавите дрвореди во Скопје

ДТЗ
10 јуни 2021

Општина Центар тврди дека се исечени 13 дрвја на улицата „Орце Николов“ кои биле стари и болни.Граѓаните обвинуваат дека се „убиени“ најубавите стебла поради бетонизација.

https://www.dw.com/mk/%D0%B8%D1%81%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BE%D0%B4-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D1%80%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8/a-57846643

13 дрвја на улицата „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало изутринава беа исечени, што предизвика револт и реакции кај скопјани. Додека од Општина Центар тврдат дека дрвата биле стари и трули, граѓаните обвинуваат дека безмилосно се исечени и здрави стебла, со што е соголена улицата. „Со неколкуте суви дрва ги убија и најубавите високи стебла кои ја правеа Орце една од најубавите улици во Центар“, коментираат револтираните жители на населбата.

Nordmazedonien Fällenden Bäumen im Zentrum von Skopje
13 дрва на улицата „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало изутринава беа исечени, што предизвика револт и реакции кај скопјани.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Екипи на ЈП ’Паркови и зеленило’ од изутрината започнаа со отстранување на 13 дрвја на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица Ленинова до раскрсницата со улица Рузвелтова. „Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите. Отстранетите дрва наскоро ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор, кои од наесен дополнително ќе го красат новиот лик на улицата ’Орце Николов’“, тврди  градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

-повеќе на темата: Македонските шуми клекнати на колена

„Некои дрва навистина беа болни, ама некои и навистина им сметаа. Секако е изненадување сечењето на дрвјата на ул. Орце Николов, ама е по закон. Така велат“, возвратија од иницијативата „Здравјето пред профит во Центар“ кои што на социјалните мрежи објавија фотографии од сечата.

Nordmazedonien Fällenden Bäumen im Zentrum von Skopje
Невладините организации бараат под итно да се објави извештајот за проценка на квалитетот и состојбата на исечените дрвја.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Невладината организација „Биди зелен“ бара под итно да се објави извештајот за проценка на квалитетот и состојбата на исечените стебла. Бара одговор кое е лицето кое ја извршило анализата на терен и како е направена.

„Дали кога е правен зелениот катастар на Град Скопје овие стебла се проценети во лоша состојба? Дали овие дрвја се попишани со зелено - а не жолто или црвено. На терен видовме дрвја кои имаат шупливи гранки, но не и стебло. Проблемот тука е што не е навремено интервенирано од страна на надлежните лица да се кратат и одржуваат за да не дојдат до ова. Но, тоа не е причина за да се исече цело дрво“, велат тие.

Nordmazedonien Fällenden Bäumen im Zentrum von Skopje
Според „Биди зелен“ се оштетуваат корењата на дрвјата кои ги „поштедиле“, за до нив да се бетонира.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Според „Биди зелен“ се оштетуваат корењата на дрвјата кои ги „поштедиле“, за до нив да се бетонира. „Автоматски му се ускратува животот на тоа дрво! Се сечат млади стебла! Ова не се стари и шупливи дрвја“, се вели во реакцијата.

Сечата на дрвјата е направена додека тече реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, планирана во шест фази, а со која треба да биде опфатена површина од вкупно 7.182 метри квадратни.

-повеќе на темата: Во борба против шумската мафија

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги обвини градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, дека продолжуваат да го уништуваат Скопје со сечење на дрвја на улицата „Орце Николов“.

Nordmazedonien Fällenden Bäumen im Zentrum von Skopje
Уништен еден од најубавите дрвореди во Скопје, со образложение дека дрвата биле стари и болни.Фотографија: Arbnora Memeti/DW

„Решија да го уништат и еден од најубавите дрвореди во Скопје, со срамно образложение дека дрвјата биле стари и болни. Не работат ништо, напротив само уништуваат. Ова е вистинското лице на Шилегов и Богдановиќ, ова е нивната поинаква приказна за Скопје“, рече Митева. Таа потсетува дека граѓаните добија ветување од градските власти дека нема да биде исечено ниту едно дрво. „Но, еве го резултатот од нивните ветувања. Дали староста и пропаѓањето на дрвјата ја откривате баш тогаш кога вршите реконструкции или проширувања на улици?“, ги праша Митева градските власти.

 

До кога ќе шумат шумите?

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница