Иран со тужба во Хаг против американските санкции | Свет | DW | 27.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Иран со тужба во Хаг против американските санкции

Техеран излегува против Вашингтон пред Меѓународниот суд на правдата. Исламската република сака да постигне укинување на казнените мерки на САД кои стапија во сила по наредба на претседателот Доналд Трамп.

Меѓународниот суд на правдата денеска започна да ја разгледува тужбата на Иран против САД поради повторното воведување на економски санкции. Расправата во судот во Хаг започна нешто по 10 часот и ќе трае четири дена, до четврток 30 август. Иран тужбата ја поднесе на 16 јули.

Иранската делегација ќе се заложи за укинување на новите американски санкции кои, како што наведува, имаат драматични последици врз иранското стопанство. Иранските власти претходно наведоа дека тужбата се однесува на американското прекршување на меѓународните обврски преземени со американско-иранскиот договор за пријателство од 1955 година. Тој договор во неколку наврати беше споменат во споровите меѓу Техеран и Вашингтон пред овој суд. Иран и САД не одржуваат дипломатски односи од 1980 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај годинава објави дека неговата земја се повлекува од Нуклеарниот договор, кој со Иран во 2015 година го постигнаа шест големи сили- САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Трамп покрај повлекувањето од договорот најави и повторно воведување на санкции против Иран.

 

DW.COM

Реклама