Иран поставува услови за средба со Трамп | Свет | DW | 31.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Иран поставува услови за средба со Трамп

Американскиот претседател Трамп тврди дека е подготвен на разговори со иранското раководство „во секое време“. Техеран му поставува услови.

За да се одржи средба со иранското раководство, американскиот претседател прво би морал да го ревидира своето повлекување од атомскиот договор и да ги стави вон сила санкциите против Техеран, му порача Иран на Доналд Трамп. Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хамид Абуталеби, на Твитер напиша: „Враќање кон атомскиот договор, крај на непријателствата и респект кон иранскиот народ (...), па потоа може да се трасира пат за излез од актуелната дилема.“

Трамп и иранското раководство во текот на изминатите денови си упатуваа закани. Вчера американскиот претседател во Белата Куќа изјави дека сигурно ќе има средба со Иран, доколку „тие сакаат средба“. „Не знам дали се веќе сега на такво нешто подготвени“, додаде Трамп нагласувајќи дека не смее да има „никакви предуслови“ за средба. Американскиот претседател тврди дека е подготвен „во секое време“ на разговори и оцени дека доколку се постигне разумен атомски договор со Иран, тоа би било „добро за нив, добро за нас, добро за светот“.

USA - Präsident Donald Trump beim Treffen mit Guiseppe Conte (Reuters/C. Barria)

Американскиот претседател Трамп тврди дека е подготвен на разговори со иранското раководство „во секое време“

Според Трамп, договорот од кој САД еднострано се повлекоа во мај е „попусто потрошена хартија“. Со повлекувањето на САД сега на Техеран му се закануваат санкции за финансискиот и енергетскиот сектор. Еден дел од санкциите би требало да влезат во сила на 6 август, а друг дел во ноември.

Со атомскиот договор постигнат во 2015 година Иран би требало да се спречи да произведува нуклеарно оружје.

Atomabkommen mit dem Iran unterschrieben (Mehr)

Славје во Иран по потпишувањето на атомскиот договор во Виена (14.07.2015)

Техеран изрази подготвеност да се откаже од атомската програма и да биде подложен на контроли, а за возврат му беа ветени економски олеснувања и поголеми странски инвестиции. Меѓународната агенција за атомска енергија постојано потврдува дека земјата се држи до обврските.

DW.COM

Реклама