Иран – ИАЕА | Вести | DW | 22.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Иран – ИАЕА

*

Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија се договорија за натамошна соработка во спорот околу иранската атомска програма. Обете страни подготвија заеднички план за инспекциите на иранските атомски постројки, изјавија иранскиот заменик шеф на преговарачката делегација Џавад Ваиди и заменикот директор на агенцијата Оли Хајнонен на заедничката прес-конференција во Техеран. Агенцијата треба да утврди дали тие постројки служат исклучиво за цивилна употреба на атомската енергија.