Иранците не очекуваат ништо од изборите | Свет | DW | 21.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Иранците не очекуваат ништо од изборите

Од парламентарните избори во Иран граѓаните не очекуваат многу. Според едно истражување, избирачите се толку разочарани, што дури 75% од нив нема да излезат на гласање.

За 290 места во иранскиот парламент се тркаат повеќе од 7000 кандидати.  Изборите се засенети од одлуката на Советот на чуварите на револуцијата да дисквалификува речиси 75 проценти од кандидатите од таборот на Рохани. Со тоа, конзервативната опозиција има добри шанси да се врати на власт по седум години. право на глас во Иран имаат 58 од вкупно 83 милиони граѓани, но многу набљудувачи проценуваат дека одзивот на изборите ќе биде низок. Според едно истражување, дури 75% од луѓето со право на глас нема да излезат на избори. 

„Попрво би си ги исекол рацете и нозете, отколку да отидам на гласање“, вели еден човек во видеото подолу:

Гледај видео 01:43

Иранците не очекуваат ништо од изборите

DW.COM

Реклама